Создавање сметка за Creators' Cloud и поврзување на вашиот фотоапарат со сметката (Cloud Initial Setting (Почетно поставување на Cloud))
Креирајте сметка за услугата во cloud Creators' Cloud и поврзете ја вашата фотоапарат со сметката користејќи ја апликацијата Creators' App на вашиот паметен телефон.
Забелешка
- Оваа функција може да е достапна само во одредени земји и региони.
Информации за земји/региони каде што е поддржана услугата побарајте на следниот веб-сајт.
https://creatorscloud.sony.net/catalog/servicearea.html
: Операции што се вршат на паметниот телефон
: Операции што се вршат на фотоапаратот
Претходна подготовка
-
Креирајте сметка за Creators' Cloud.Следете ги насоките дадени во апликацијата за паметен телефон Creators' App за да креирате сметка за Creators' Cloud.
-
Впарете ги фотоапаратот и паметниот телефон.За детални насоки, погледнете во “Pairing the camera with a smartphone (Smartphone Connection) .” (Впарување на фотоапаратот со паметен телефон (Smartphone Connection)
-
Потврдете дека [Wi-Fi Connect] и [Функцијата Bluetooth] се поставени на [On] (Вклучено) на фотоапаратот.
Поврзување на фотоапаратот со сметката
-
Поставете го фотоапаратот во режим на фотографирање. -
Активирајте ја апликацијата Creators' App на вашиот паметен телефон, а потоа отворете го екранот со [Cameras] (Фотоапарати). -
Изберете [Cloud Function] (Функција во cloud), (а потоа следете ги насоките дадени на екранот за да започнете со поставувањето. -
Кога ја регистрирате пристапната точка, изберете ја пристапната точка што ја користите и внесете ја лозинката, а потоа изберете [OK].Поставките за пристапната точка (SSID и лозинката) се вчитуваат во фотоапаратот.
- Ако пристапната точка што ќе се користи е веќе регистрирана на фотоапаратот, изберете [Skip] (Прескокни) и продолжете со чекор 5.
-
Изберете [Start linking] (Започнете да се поврзувате) на екранот на паметниот телефон.- Фотоапаратот и сметката ќе се поврзат. Потоа, следете ги насоките дадени на екранот за ги конфигурирате поставките за вчитување слики.
- Фотоапаратот можеби нема да може да се поврзе со сметката ако веќе има информации за сметка на фотоапаратот или ако веќе има информации за фотоапарат на Creators' Cloud. Отстранете ги информациите за сметката и за фотоапаратот пред да ја поврзете камерата со сметката.
Совет
- Кога фотоапаратот ќе се поврзе со сметката, ставката од менито [Cloud Initial Setting] (Почетно поставување на Cloud) ќе се промени во [Cloud Connection] (Поврзување со Cloud) (во MENU →
(Network (Мрежа)) → [Creators' Cloud]) и ќе може да вчитувате слики.
Забелешка
- Фотоапаратот може да не се поврзе правилно со сметката ако постапката се откаже, ако фотоапаратот се исклучи или ако се појави грешка во мрежата и сл. за време на постапката. Во тој случај, проверете дали информациите за сметката на фотоапаратот или информациите за фотоапаратот на Creators' Cloud се точни. Ако информациите не се точни, отстранете ги и повторно поврзете го фотоапаратот со сметката.
- Поврзувањето на фотоапаратот со сметката или поврзувањето со Creators' Cloud може да не успее ако поставките за време на фотоапаратот не се точни. Проверете дали поставките за време се точни.
Откажување на поврзувањето на фотоапаратот со Creators' Cloud
Потребно е да го откажете поврзувањето на фотоапаратот со сметката и на самиот фотоапарат и во Creators' Cloud.
Постапки што се вршат на фотоапаратот:
-
MENU →
(Мрежа) → [Creators' Cloud] → [Cloud Information] (Информации за Cloud). -
Изберете [Delete account info.] (Избриши информации за сметка).
-
Проверете ја пораката што е прикажана на екранот и изберете [OK].
Информациите за сметката ќе бидат отстранети од фотоапаратот.
Постапки што се вршат на Creators' Cloud:
-
Отворете го екранот со [Cameras] (Фотоапарати) на Creators' App.
-
Изберете [Cloud Function] (Функција во cloud) → [Disconnect the Link] (Исклучи го поврзувањето).
Информациите за фотоапаратот ќе бидат отстранети од сметката.
Совет
- Можете да ги спроведете и следните операции на веб-страницата на Creators’ Cloud (https://www.sony.net/capp/).
- Креирање сметка за Creators' Cloud
- Отстранување информации за фотоапаратот од Creators' Cloud
Забелешка
- За да се овозможи безбедна безжична LAN-врска, препорачуваме да користите пристапна точка со безбедносни поставки WPA3 или WPA2. Поврзувањето со пристапна точка без безбедносни поставки може да резултира со хакирање, пристап од злонамерни трети страни или напади врз слабости. Освен ако нема специфична причина, не препорачуваме да користите пристапна точка без безбедносни поставки.