Audio Rec Level (Ниво на звук при снимање)

филм, забавенo и забрзано движењe

Можете да го прилагодите нивото на снимање на звук додека го проверувате мерачот на нивото. Оваа функција не може да се користи при снимање видеа со забавени движења/брзи движења.

  1. MENU (Снимање) → [Audio Recording] (Снимање звук) → [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук).
  2. Изберете го саканото ниво со помош на десната/левата страна на контролното тркалце.

Детали за ставките на менито

+:
Го зголемува нивото за снимање аудио.
-:
Го намалува нивото за снимање аудио.

Совет

  • Кога снимате аудио филмови со големи јачини на звук, поставете го [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук) на пониско ниво на звук. На тој начин ќе можете да снимите пореално аудио. Кога снимате аудиоснимки со помали јачини на звук, поставете го [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук) на повисоко ниво на звук, за да го направите звукот полесен за слушање. Проверете дали јачината на звукот е на соодветно ниво преку мерачот за ниво на јачина на звук на фотоапаратот.
  • За да го ресетирате нивото на аудио снимање на зададените поставки, притиснете го копчето (Избриши).

Забелешка

  • Независно од поставките за функцијата [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук), ограничувачот постојано работи.
  • Функцијата [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук) е достапна само кога режимот на снимање е поставен на опцијата режим за снимање филм.
  • Поставките [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук) се применуваат на внатрешниот микрофон, влезот за терминалот (микрофон) и аналогниот влез за аудио* од приклучокот за повеќе интерфејси.

    *За некои надворешни микрофони, [Audio Rec Level (Ниво на снимање звук] не може да се постави дури и кога влезот за аудио е поставен на аналоген пренос. Во овој случај, користете ја функцијата за да го прилагодите нивото на снимање аудио на надворешниот микрофон.

    *Кога аудио влезот на надворешниот микрофон е поставен на дигитален пренос, [Audio Rec Level] (Ниво на снимање звук) не може да се постави.

TP1001753092