Creative Look (Креативен изглед) (фотографија/филм)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Терминот „Изглед“ се однесува на изгледот и впечатокот на сликите создаден од различни фактори, како што се бојата, острината, осветленоста, и сл. Со функцијата [Creative Look] (Креативен изглед), можете да изберете завршница на сликата со избирање на изгледот што го претпочитате меѓу претходно инсталираните изгледи. Дополнително, можете прецизно да го прилагодите контрастот, светлите површини, сенките, избледувањето, заситеноста, острината, опсегот на острина и јасноста за секој „Изглед“.

  1. MENU (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) → [Color/Tone] (Боја/Тон) → [Creative Look] (Креативен изглед).
  2. Изберете го саканиот „Изглед“ или [Custom Look] (Прилагоден изглед) со помош на горната/долната страна на контролното тркалце.
  3. За да ги прилагодите функциите (Contrast (Контраст)), (Highlights (Светли површини)), (Shadows (Сенки)), (Fade (Избледување)), (Saturation (Заситеност)), (Sharpness (Острина)), (Sharpness Range (Опсег на острина)) и (Clarity (Јасност)), движете се надесно со помош на десната страна на контролното тркалце. Изберете ја саканата ставка со помош на десната/левата страна, а потоа изберете ја вредноста со помош на горната/долната страна.

  4. Кога избирате [Custom Look] (Прилагоден изглед), движете се надесно со помош на десната страна на контролното тркалце, а потоа изберете го саканиот „Изглед“.
    • Со помош на [Custom Look] (Прилагоден изглед), можете да ги вратите истите однапред поставени параметри за „Изглед“ со малку различни поставки.

Детали за ставките на менито

ST Standard (ST Стандардно):
Стандардна завршна обработка за различни субјекти и сцени.
PT(Портрет):
За доловување на кожа со мек тон, идеално за фотографирање портрети.
NT(Неутрално):
Заситеноста и острината се намалени за снимање на слики со придушени нијанси. Ова исто така е погодно и за снимање на материјал кој ќе биде менуван со компјутер.
VV(Живописно):
Зголемени се заситеноста и контрастот, за снимање на впечатливи слики од разнобојни сцени и објекти како што се цвеќиња, пролетно зеленило, сино небо или погледи на океанот.
VV2(Живописно 2):
Создава слика со светли и живописни бои со извонредна јасност.
FL(Филм):
Создава слика со темна завршна обработка со примена на остар контраст на смирувачките бои, како и импресивното небо и боите на зеленилото.
FL2(Филм 2):
Создава слика со носталгичен изглед преку висок контраст на смирувачките бои.
FL3(Филм 3):
Создава слика со ведар изглед преку чисти бои со мало намалување на контрастот.
IN(Инстант):
Создава слика со мат текстури со намалување на контрастот и заситеноста.
SH(Soft Highkey):
Создава слика со светол, транспарентен, мек и живописен амбиент.
BW(Црно и бело):
За снимање слики во црн и бел монотон.
SE(Сепија):
За снимање слики во сепија монотон.
Регистрирање претпочитани поставки (Custom Look (Прилагоден изглед)):
Изберете го шестиот прилагоден изглед (полињата со броеви на левата страна) за да ги регистрирате претпочитаните поставки. Потоа изберете ги саканите поставки со помош на десното копче.
Можете да ги вратите истите однапред поставени параметри за „Изглед“ со малку различни поставки.

За подетално прилагодување

Врз основа на секој „Изглед“, ставките како што е контрастот може да ги прилагодите по ваша желба. Можете да го прилагодите не само однапред поставениот параметар за „Изглед“, туку и секој [Custom Look] (Прилагоден изглед), функција што ви овозможува да ги регистрирате вашите омилени поставки.

Изберете ја ставката што сакате да ја поставите со притиснување на десната/левата страна на контролното тркалце, а потоа поставете ја вредноста со помош на горната/долната страна на контролното тркалце.

Кога вредноста на поставката ќе ја промените од зададената вредност, (ѕвездичка) се додава веднаш до иконата за „Изглед“ прикажана на екранот за снимање.

Contrast (Контраст):
Колку е повисока вредноста која е избрана, толку повеќе ќе биде нагласена разликата на осветлувањето и сенката, а поголем ќе биде и ефектот врз сликата. (-9 до +9)
Highlights (Светли површини):
Овозможува прилагодување на осветленоста на светлите површини. Кога ќе изберете поголема вредност, сликата станува посветла. (-9 до +9)
Shadows (Сенки):
Овозможува прилагодување на темните површини. Кога ќе изберете поголема вредност, сликата станува посветла. (-9 до +9)
Fade (Избледување):
Овозможува прилагодување на степенот на избледување. Со поголема вредност се добива поголем ефект. (0 до 9)
Saturation (Заситеност):
Колку е повисока вредноста која е избрана, толку бојата ќе биде пожива. Кога е избрана пониска вредност, бојата на сликите е воздржана и придушена. (-9 до +9)
Sharpness (Острина):
Ја прилагодува острината. Колку е повисока вредноста која е избрана, толку повеќе контурите ќе бидат нагласени, а колку пониска вредност е избрана, толку повеќе контурите ќе бидат омекнати. (0 до 9)
Sharpness Range (Опсег на острина):
Прилагодете го опсегот во кој се применува ефектот на острина. Поголемата вредност овозможува ефектот на острина да се применува на поостри рабови. (1 до 5)
Clarity (Јасност):
Го прилагодува степенот на јасност. Со поголема вредност се добива поголем ефект. (0 до 9)


За да ги ресетирате прилагодените вредности за секој „Изглед“

Прилагодените вредности, како контрастот што сте го промениле по ваша желба, може колективно да се ресетираат за секој „Изглед“. Притиснете го копчето (Избриши) на екранот за прилагодување за „Изгледот“ што сакате да го ресетирате. Сите прилагодени вредности што се променети ќе се вратат на нивните зададени вредности.

Совет

  • За [Sharpness] (Острина), [Sharpness Range] (Опсег на острина) и [Clarity] (Јасност), направете пробна снимка и или зголемете ја и репродуцирајте ја на екранот на фотоапаратот или репродуцирајте ја на уред за репродукција за да го проверите ефектот. Потоа, повторно прилагодете ја поставката доколку е потребно.

Забелешка

  • Функцијата [Creative Look] (Креативен изглед) е фиксна на [-] во следните ситуации:
    • Функцијата [Picture Profile] (Профил на слика) е поставена на опција што не е [Off] (Исклучено).
    • Кога режимот [Log Shooting] (Снимање со форматот „Log“) е поставен на [On (Flexible ISO)] (Вклучено (Флексибилен ISO)).
  • Кога оваа функција е поставена на [BW (Црно и бело)] или [SE(Сепија)], опцијата [Saturation] (Заситеност) не може да се прилагоди.
  • Во режимот за филм, функцијата [Sharpness Range] (Опсег на острина) не може да се прилагоди.
TP1001776547