Sbj Recog Frm Disp. (Приказ на рамка за препознавање објект) (фотографија)

фотографија

Поставува дали да се прикаже рамка за препознавање објект кога ќе се препознае објект.

  1. MENU (МЕНИ)→ (Focus) (Фокусирање) → [Subject Recognition] (Препознавање објект) → [Sbj Recog Frm Disp.] (Приказ на рамка за препознавање објект) → сакана поставка.

Детали за ставките на менито

On (Вклучено):
Се прикажува рамка за препознавање кога ќе се препознае објект.
Off (Исклучено):
Не се прикажува рамка за препознавање објект кога ќе се препознае објект.


Рамка за препознавање објект

Кога фотоапаратот ќе препознае објект и утврди дека објектот е цел за автоматско фокусирање, се појавува бела рамка за препознавање објект.
Рамката за препознавање автоматски има приоритет и се прикажува таму каде што е препознаена попрецизна цел (како на пример очи).

Кога е избрана опцијата [Human] (Човек):
Кога фотоапаратот ќе препознае објект, се појавува бела или сива рамка за препознавање објекти околу окото, лицето или телото.


Кога е избрана опцијата [Animal/Bird] (животно/птица), [Animal] (животно) или [Bird] (птица):
Кога фотоапаратот ќе препознае објект, се појавува бела рамка за препознавање објекти околу окото, главата или телото.

Слика на којашто се прикажува рамката за откривање очи кај животно


Кога е избрана опцијата [Insect] (инсект):
Кога фотоапаратот ќе препознае објект, се појавува бела рамка за препознавање објекти околу главата или целиот објект.
Кога е избрана опцијата [Car/Train] (автомобил/воз) или [Airplane] (авион):
Кога фотоапаратот ќе препознае објект, се појавува бела рамка за препознавање објекти околу предниот дел на возот или носот на авионот или околу целиот објект.

Забелешка

  • Доколку објектот не е препознаен, рамката за препознавање објекти нема да се прикаже.
  • Ако објектот или фотоапаратот премногу се движат, рамката за препознавање може неправилно да се прикаже врз објектот.
  • Дури и ако функцијата [Sbj Recog Frm Disp.] (Приказ на рамка за препознавање објект) е поставена на [Off] (Исклучено), се појавува зелена рамка за препознавање над објектот што е во фокусот кога ќе го притиснете копчето за бленда до половина итн.
TP1001797243