Регистрирање на тековната фокусна површина (AF Area Registration (Регистрација на површина за AF))

Можете привремено да ја преместите рамката за фокусирање на претходно доделена позиција со помош на прилагодено копче. Функцијата е корисна кога снимате сцени каде движењата на објектот се предвидливи, на пример, спортски сцени. Со оваа функција, можете брзо да ја менувате фокусната површина според ситуацијата.
Како да регистрирате фокусна површина
- MENU →
(Focus (Фокусирање)) → [Focus Area] (Фокусна површина) → [AF Area Registration] (Регистрација на површина за AF) → [On] (Вклучено). - Поставете ја фокусната површина во саканата позиција, а потоа притиснете и задржете го копчето Fn (Функција).
Како да ја повикате регистрираната фокусна површина
- MENU →
(Setup (Поставување)) → [Operation Customize] (Прилагоди операција) → [
Custom Key/Dial Set.] (Поставување приспособливо копче/вртливо копче) → сакано копче, а потоа изберете [Regist. AF Area hold] (Задржи регистрирана површина за AF). - Поставете го фотоапаратот во режим за снимање, притиснете и задржете на копчето на коешто сте му ја доделиле функцијата [Regist. AF Area hold] (Задржи регистрирана површина за AF) и притиснете на копчето за блендата за да снимате слики.
Совет
- Кога рамката за фокусирање е регистрирана со помош на функцијата [AF Area Registration] (Регистрација на површина за AF), регистрираната рамка за фокусирање трепка на мониторот.
- Ако функцијата [Regist AF Area tggle] (Префрли регистрирана површина за AF) ја доделите на прилагодено копче, регистрираната рамка можете да ја користите и без притиснување и задржување на копчето.
- Ако функцијата [Reg. AF Area+AF On] (Регистрација на површина за AF + Вклучен AF) е доделена на прилагодено копче, автоматското фокусирање со помош на регистрираната рамка за фокусирање се врши кога ќе се притисне копчето.
Забелешка
- Фокусната површина не може да се регистрира во следните ситуации:
- Додека се извршува функцијата [Touch Focus] (Фокусирање со допир)
- Додека се извршува функцијата [Touch Tracking] (Следење со допир)
- За време на фокусирањето
- Додека се заклучува фокусот
- Функцијата [Regist. AF Area hold] (Задржи регистрирана површина за AF) не можете да ја доделите на опциите [Left Button] (Лево копче), [Right Button] (Десно копче) или на [Down Button] (Копче надолу).
- Регистрираната фокусна површина не можете да ја повикате во следните ситуации:
- Вртливото копче за режими е поставено на AUTO (Автоматски режим),
(Видео) или
(S&Q Motion (Забавени и забрзани движења))
- Вртливото копче за режими е поставено на AUTO (Автоматски режим),
- Кога функцијата [AF Area Registration] (Регистрација на површина за AF) е поставена на опцијата [On] (Вклучено), поставката [Dial / Wheel Lock] (Заклучување на вртливото копче/тркалцето) е поставена на [Unlock] (Отклучено).
TP1001789874