Touch Pad Settings (Поставки за подлогата на допир)

Можете да ги прилагодите поставките за ракување преку подлогата допир при снимање низ визир.
- MENU →
(Поставување) → [Touch Operation] (Ракување со допир) → [Touch Pad Settings] (Поставки за подлогата на допир) → сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- Ракување во вертикална ориентација :
- Поставува дали да се овозможи ракување преку подлогата на допир при вертикално ориентирано снимање низ визир. Може да спречите погрешни дејствија при вертикално снимање предизвикани од допир на мониторот со носот.
- Touch Position Mode (Режим за позиционирање со допир):
- Поставува дали фокусната рамка ќе се помести на позицијата што е допрена на екранот ([Absolute Position (Апсолутна позиција)]), или ќе се помести на посакуваната позиција врз основа на насоката на влечење и количината на движење ([Relative Position (Релативна позиција)]).
- Operation Area (Оперативна област):
- Ја поставува областа што ќе се користи за ракување преку подлогата на допир. Ограничувањето на оперативна област може да спречи погрешни дејствија предизвикани од допир на мониторот со носот или слично.
За Touch Positioning Mode (Режим за позиционирање со допир)
Изборот на [Absolute Position (Апсолутна позиција)] овозможува побрзо движење на фокусната рамка на оддалечена позиција, бидејќи директно можете да ја утврдите позицијата со допир.

Изборот на [Relative Position (Релативна позиција)] овозможува да ракувата со подлогата на допир од местото што ви е најпрактично, без потреба да го движите прстот низ голема површина.

Совет
- При ракување преку подлогата на допир кога [Touch Position Mode (Режим за позиционирање со допир] е поставено на [Absolute Position (Апсолутна позиција)], областа поставена во [Operation Area (Оперативна област)] се третира како целиот екран.
TP1001790849