Приказ на самодијагноза
Ако се појави код што почнува со буква од азбуката, функцијата за самодијагноза на овој производ работи. Последните две цифри (означени со □□) ќе се разликуваат во зависност од состојбата на производот.
Ако не можете да го решите проблемот дури и кога неколку пати ќе се обидете со следните постапки за поправка, можеби на производот му треба поправка. Обратете се кај продавачите на Sony или локалниот овластен сервис на Sony.
C:32:□□
- Постои проблем со хардверот на производот. Исклучете го напојувањето и повторно вклучете го.
C:13:□□
- Производот не може да чита или пишува податоци на мемориската картичка. Обидете се со исклучување и повторно вклучување на производот, или со отстранување и вметнување на мемориската картичка неколку пати.
- Вметната е неформатирана мемориска картичка. Форматирајте ја мемориската картичка.
- Вметнатата мемориска картичка не може да се користи со овој производ или податоците се оштетени. Вметнете нова мемориска картичка.
E:61:□□
E:62:□□
E:91:□□
- Се појави дефект на производот. Иницијализирајте го производот, а потоа повторно вклучете го напојувањето.
E:94:□□
- Се појави дефект при пишувањето или бришењето податоци. Потребна е поправка. Обратете се кај продавачите на Sony или локалниот овластен сервис на Sony. Бидете подготвени да ги наведете сите броеви во кодот за грешка, почнувајќи од E.
TP1001753305