Manual Focus (Рачен фокус)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Ако ви е тешко да одредите соодветен фокус во режимот за автоматски фокус, тогаш прилагодете го фокусот рачно.

  1. MENU (Focus (Фокусирање)) → [AF/MF][Focus Mode] (Режим на фокусирање) → [Manual Focus] (Рачен фокус).
  2. Завртете го прстенот за фокусирање за да добиете остар фокус.
    • Кога снимате фотографија, фокусното растојание можете да го прикажете на екранот со вртење на прстенот за фокусирање.

Забелешка

  • Кога го користите визирот, прилагодете го нивото на диоптерот за да добиете соодветен фокус на визирот.
  • Ако повторно изберете [Focus Mode] (Режим на фокусирање), секое рачно поставено фокусно растојание ќе биде откажано.
  • Прикажаното фокусно растојание има само информативна намена.
TP1001753046