WPS Push (Притисни WPS)

Ако вашата пристапна точка има копче за Wi-Fi Protected Setup (WPS) (Заштитено поставување на безжичен интернет (WPS)), пристапната точка можете лесно да ја регистрирате на овој производ.

За детали за достапните функции и поставки на вашата пристапна точка, погледнете во упатството за употреба на пристапната точка или контактирајте го администраторот.

Однапред поставете [Wi-Fi Connect (Поврзување на Wi-F)] на [On (Вклучено)].

  1. MENU (Network (Мрежа)) → [Wi-Fi][WPS Push] (Притисни WPS).
  2. За да се поврзете на пристапната точка, притиснете го копчето за Wi-Fi Protected Setup (WPS).

Забелешка

  • Функцијата [WPS Push] (Притисни WPS) работи само ако поставката за безбедност на вашата пристапна точка е поставена на WPA2 и вашата пристапна точка го поддржува методот со копче за Wi-Fi Protected Setup (WPS). Ако поставката за безбедност е само WPA3, или вашата пристапна точка не го поддржува методот со копче за Wi-Fi Protected Setup (WPS), извршете ја функцијата [Access Point Set.] (Поставки за пристапна точка).
  • За да се овозможи безбедна безжична LAN-врска, препорачуваме да користите пристапна точка со безбедносни поставки WPA3 или WPA2.
  • Поврзувањето со пристапна точка без безбедносни поставки може да резултира со хакирање, пристап од злонамерни трети страни или напади врз слабости. Освен ако нема специфична причина, не препорачуваме да користите пристапна точка без безбедносни поставки.
  • Важно е да ги поставите безбедносните поставки кога користите безжична LAN-мрежа. Ако се појави безбедносен проблем поради тоа што нема безбедносни мерки или поради какви било неизбежни околности кога се користи безжична LAN-мрежа, Sony нема да сноси одговорност за загубата или оштетувањето.
  • Поврзувањето може да не е можно или растојанието за комуникација може да биде пократко во зависност од условите на околината, како што се видот на материјалот на ѕидовите, присуството на пречки или радио бранови помеѓу производот и пристапната точка. Во тој случај, сменете ја локацијата на производот или производот поместете го поблиску до пристапната точка.
TP1001753193