HDMI Output Settings (Поставки за надворешен излез преку HDMI) (филм)

Поставува видеото и аудиото да се емитуваат на надворешен снимач/плеер поврзан преку HDMI кога снимате филм.
Користете Premium High Speed HDMI-кабел (се продава посебно) за репродуцирање филмови во 4K.

  1. MENU (Setup (Поставување)) → [External Output] (Надворешен излез) → [HDMI Output Settings] (Поставки за надворешен излез преку HDMI → саканата ставка за поставување.

Детали за ставките на менито

Rec. Media dur HDMI Output (Снимање медиуми при емитување преку HDMI):
Поставува дали да се снимаат филмови на мемориската картичка на фотоапаратот за време на емитувањето преку HDMI).
[On] (Вклучено): Снима филмови на мемориската картичка на фотоапаратот и истовремено ги емитува на уредот поврзан преку HDMI. Длабочината на боите на филмот што се емитува зависи од поставката [Record Setting] (Поставки за снимање) во [Movie Settings] (Поставки за филм).
[Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI): Не снима филмови на мемориската картичка на фотоапаратот, само ги емитува на уредите поврзани преку HDMI.
Output Resolution (Излезна резолуција):
Ја поставува резолуцијата за сликата што ќе се емитува на друг уред поврзан преку HDMI кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при репродукција преку HDMI) е поставена на [On] (Вклучено). ([Auto] (Автоматски) / [2160p] / [1080p] / [1080i])
4K Output Set.(HDMI Only) (Поставување излезен 4K-сигнал (само HDMI)):
Ги поставува стапката на кадри и длабочината на боите на филм во 4K што се емитува на друг уред поврзан преку HDMI кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при репродукција преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI)). ([30p 10bit] / [25p 10bit] / [24p 10bit])
Time Code Output (Излезен сигнал со временски код):
Поставува дали да се емитува временскиот код и корисничкиот бит на друг уред поврзан преку HDMI. ([On] (Вклучено) / [Off] (Исклучено))
Информациите за временскиот код се пренесуваат во облик на дигитални податоци, не како слика прикажана на екранот. Поврзаниот уред потоа може да се повика на дигиталните податоци за да ги препознае податоците за времето.
REC Control (Контрола на снимањето):
Поставува дали да започне или запре снимањето на надворешниот снимач/плеер со далечинска контрола преку фотоапаратот кога тој е поврзан со надворешен снимач/плеер. ([On] (Вклучено) / [Off] (Исклучено))
4ch Audio Output (Снимање аудио во 4 канали):
Кога снимате аудио во 4 канали, поставете ја комбинацијата на аудио канали што ќе се репродуцираат на други уреди поврзани преку HDMI.
[CH1/CH2]: овозможува репродукција на аудио од каналот 1 на L (левата) страна и од каналот 2 на R (десната) страна.
[CH3/CH4]: овозможува репродукција на аудио од каналот 3 на L (левата) страна и од каналот 4 на R (десната) страна.

Совет

  • Кога функцијата [REC Control] (Контрола на снимањето) е поставена на [On] (Вклучено), (STBY) се прикажува кога командата за снимање е подготвена да се испрати до надворешниот снимач/плеер, а (REC) се прикажува кога командата за снимање се испраќа до надворешниот снимач/плеер.
  • Дури и кога репродуцирате филм со 4 канали на уред поврзан преку HDMI-приклучокот на фотоапаратот, аудиото се пренесува со поставката [4ch Audio Output] (Снимање аудио во 4 канали).

Забелешка

  • Кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при репродукција преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI)), [HDMI Info. Display] (Приказ на информации за HDMI) привремено ќе биде поставена на [Off] (Исклучено).
  • Кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI), бројачот не одбројува нанапред (реалното време на снимање не се брои) додека филмот се снима на надворешен снимач/плеер.
  • Без оглед на поставката за [Output Resolution] (Излезна резолуција), излезната резолуција преку HDMI се префрла на 1080 во следните случаи.*
    • Кога функцијата [Log Shooting] (Снимање со форматот „Log“) во [Log Shooting Setting] (Поставки за снимање со форматот „Log“) е поставена на ставка што не е [Off] (Исклучено)
    • Кога функцијата [Picture Profile] (Профил на слика) е поставена на PPLUT1-PPLUT4

      *Меѓутоа, кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при репродукција преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI)), видеото се репродуцира во 4K.

  • Функцијата [REC Control] (Контрола на снимањето) може да се користи со надворешни снимачи/плеери што ја поддржуваат функцијата [REC Control] (Контрола на снимањето).
  • Кога функцијата [Time Code Output] (Излезен сигнал со временски код) е поставена на [Off] (Исклучено), нема да можете да поставите [REC Control] (Контрола на снимањето).
  • Дури и кога се прикажува (REC), надворешниот снимач/плеер може да не работи правилно во зависност од поставките или статусот на снимачот/плеерот. Пред употреба, проверете дали надворешниот снимач/плеер работи правилно.
  • Кога функцијата [Time Code Output] (Излезен сигнал со временски код) е поставена на [On] (Вклучено), сликите може да не се репродуцираат правилно на телевизорот или уредот за снимање. Во тој случај, поставете ја функцијата [Time Code Output] (Излезен сигнал со временски код) на [Off] (Исклучено).
  • Не може да се репродуцира аудио во 4 канали на други уреди поврзани преку HDMI.
TP1001793702