Zebra Display (Приказ на црни и бели ленти)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Поставува шема со црни и бели ленти, којашто се појавува над дел од сликата ако нивото на осветленост на тој дел го исполнува нивото на IRE што сте го поставиле. Користете ја шемата со црни и бели ленти како водич за прилагодување на осветленоста.

  1. MENU (Exposure/Color) (Експозиција/Боја) → [Zebra Display] (Приказ на црни и бели ленти) → Изберете ставка од менито и поставете го саканиот параметар.

Детали за ставките на менито

Zebra Display (Приказ на црни и бели ленти):
Ви овозможува да изберете дали да се прикажува шемата со црни и бели ленти. ([Off] (Исклучено)/ [On] (Вклучено))
Zebra Level (Ниво на црни и бели ленти):
Го прилагодува нивото на осветленост на шемата со црни и бели ленти. ([70] / [75] / [80] / [85] / [90]/ [95] / [100] / [100+])

Совет

  • Можете да регистрирате вредности за да ја проверите точната експозиција или преголемата експозиција, како и нивото на осветленост за [Zebra Level] (Ниво на црни и бели ленти). Поставките за потврда на точната експозицијата и потврда на преголемата експозиција се регистрирани на [Custom 1] (Прилагодено 1) и [Custom 2] (Прилагодено 2) според зададените поставки.
  • За да ја проверите точната експозиција, поставете стандардна вредност и опсег за нивото на осветленост. Шемата со црни и бели ленти ќе се појави на површините кои се во рамките на опсегот што ќе го поставите.
  • За да ја проверите преголемата експозиција, поставете минимална вредност за нивото на осветленост. Шемата со црни и бели ленти ќе се појави над површините со ниво на осветленост еднакво или повисоко од вредноста што сте ја поставиле.

Забелешка

  • Шемата со црни и бели ленти не се прикажува на уреди поврзани преку HDMI.
TP1001791041