Focus Magnifier (Зголемување на фокус)

Може да го проверите фокусот со зголемување на сликата пред снимање.
За разлика од функцијата [Auto Magnifier in MF] (Автоматско зголемување во MF), можете да ја зголемите сликата без да го користите прстенот за фокусирање.
- MENU >
(Focus (Фокусирање)) > [Focus Assistant] (Помош при фокусирање) > [Focus Magnifier] (Зголемување на фокусот). - Притиснете во средината на навигациското копче за избор за да ја зголемите сликата и изберете ја површината што сакате да ја зголемите со притиснување на горната/долната/левата/десната страна на навигациското копче за избор.
- Секогаш кога ќе притиснете во средината, размерот за зголемување ќе се промени.
- Можете да го поставите почетното зголемување со избирање MENU >
(Focus (Фокусирање)) > [Focus Assistant] (Помош при фокусирање) > [
Initial Focus Mag.] (Почетно зголемување на фокус) или [
Initial Focus Mag.] (Почетно зголемување на фокус).
- Потврдете го фокусот.
- Притиснете на копчето
(Избриши) за да ја поместите зголемената позиција во центарот на сликата. - Кога режимот на фокусирање е [Manual Focus] (Рачен фокус), можете да го прилагодите фокусот додека сликата се зголемува. Ако функцијата [AF in Focus Mag.] (AF при зголемување на фокус) е поставена на [Off] (Исклучено), функцијата [Focus Magnifier] (Зголемување на фокус) се откажува кога копчето за блендата е притиснато до половина.
- Кога копчето за блендата е притиснато до половина додека е зголемена слика за време на автоматското фокусирање, се извршуваат различни функции во зависност од поставката [AF in Focus Mag.] (AF при зголемување на фокус).
- Кога функцијата [AF in Focus Mag.] (AF при зголемување на фокус) е поставена на [On] (Вклучено): повторно се извршува автоматско фокусирање.
- Кога функцијата [AF in Focus Mag.] (AF при зголемување на фокус) е поставена на [Off] (Исклучено): функцијата [Focus Magnifier] (Зголемување на фокус) е откажана.
- Можете да поставите колку долго сликата да се прикажува зголемена со избирање MENU >
(Focus (Фокусирање)) > [Focus Assistant] (Помош при фокусирање) > [
Focus Magnif. Time] (Време на зголемување на фокус).
- Притиснете на копчето
За да ја користите функцијата за зголемување на фокусот со допир
Можете да ја зголемите сликата и да го прилагодите фокусот со допирање на екранот. Претходно поставете ја функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) на [On] (Вклучено).
Кога режимот на фокусирање е [Manual Focus] (Рачен фокус), можете да ја извршите функцијата [Focus Magnifier] (Зголемување на фокус) со двојно допирање на површината што сакате да ја фокусирате.
Совет
- Според зададените поставки, функцијата [Focus Magnifier] (Зголемување на фокус) е доделена на копчето 5 (Прилагодено копче 5).
- Додека ја користите функцијата за зголемување на фокусот, можете да ја поместите зголемената површина така што ќе ја влечете на екранот на допир.
- За да излезете од функцијата за зголемување на фокусот, повторно допрете двапати на екранот. Кога функцијата [AF in Focus Mag.] (AF при зголемување на фокус) е поставена на [Off] (Исклучено), функцијата за зголемување на фокусот се исклучува со притиснување на копчето за блендата до половина.

