HDMI Resolution (Резолуција преку HDMI)

Кога фотоапаратот го поврзувате со телевизор или уред за монитор со помош на HDMI-кабел (се продава посебно), можете да ја изберете резолуцијата што ќе се емитува преку HDMI-приклучокот на фотоапаратот за време на снимањето фотографии или репродукцијата на слики.

  1. MENU > (Поставување) > [External Output] (Надворешен излез) > [HDMI Resolution] (Резолуција преку HDMI) > саканата поставка.

Детали за ставките на менито

Auto (Автоматски):
Фотоапаратот автоматски ја препознава резолуцијата на поврзаниот телевизор или излезен уред и соодветно ја поставува излезната резолуција.
2160p:
Емитува сигнали во 2160p.
1080p:
Емитува сигнали со квалитет на слика во HD (1080p).
1080i:
Емитува сигнали со квалитет на слика во HD (1080i).

Забелешка

  • Ако сликите не се прикажуваат соодветно со помош на поставката [Auto] (Автоматски), изберете ги опциите [1080i], [1080p] или [2160p], во зависност од поврзаниот телевизор.