Focus Frame Display (Приказ на рамка за фокусирање) (репродукција)
Поставува дали при репродукција на фотографија да се прикажува рамката за фокусирање околу површината каде што фокусирал фотоапаратот.
- MENU >
(Playback (Репродукција)) > [Playback Option] (Опција за репродукција) > [
Focus Frame Display] (Приказ на рамка за фокусирање) > сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- Off (Исклучено):
- Не прикажува рамка за фокусирање при репродукцијата.
- On (Вклучено):
- Прикажува рамка за фокусирање при репродукцијата.
Совет
- Дури и ако при снимањето се прикажувале повеќе рамки за фокусирање, при репродукцијата ќе се прикаже само онаа рамка што покажува каде всушност фотоапаратот се фокусирал при снимањето.
- Дури и ако при снимањето рамката за фокусирање се прикажувала околу лицето на објектот, кога при репродукцијата ќе се открие око, рамката за фокусирање ќе се прикаже околу окото на објектот.
Забелешка
- Рамка за фокусирање нема да се прикаже на следниве видови слики.
- Фотографии снимени со рачно фокусирање
- Филмови
- Фотографии создадени со функцијата [Photo Capture] (Снимање фотографија)
- Рамката за фокусирање се прикажува само на екранот за репродукција на единечна слика. Рамката за фокусирање не се прикажува на екранот за индекс на слики или над зголемени слики.
- Рамката за фокусирање не се прикажува за време на автоматското прегледување.
- Ако снимите слика со поинаква композиција откако сте извршиле автоматско фокусирање, рамката за фокусирање ќе се појави изместена од објектот.
- Дури и ако се прикаже рамката за фокусирање, може да не е фокусирана врз објектот.
- Дури и ако при снимањето го исклучите приказот на рамката за фокусирање со помош на функциите [AF Area Auto Clear] (Автоматско криење на површина за AF) или [AF-C Area Display] (Приказ на површина за AF-C), кога функцијата [
Focus Frame Display] (Приказ на рамка за фокусирање) е поставена на [On] (Вклучено), рамката за фокусирање ќе се прикаже при репродукцијата.

