CTRL FOR HDMI (Контрола преку HDMI)

Кога ќе го поврзете производот со телевизор преку HDMI-кабел (се продава одделно), може да ракувате со производот насочувајќи го далечинскиот управувач кон телевизорот.

  1. MENU > (Setup (Поставување)) > [External Output] (Надворешен излез) > [CTRL FOR HDMI] (Контрола преку HDMI) > саканата поставка.
  2. Поврзете го овој производ со телевизор.

    Влезниот сигнал на телевизорот се менува автоматски и сликите на овој производ се прикажуваат на екранот на телевизорот.

    • Начинот на ракување се разликува во зависност од телевизорот што го користите. За детали, погледнете го упатството за работа што се испорачува со телевизорот.

Детали за ставките на менито

On (Вклучено):
Може да ракувате со производот користејќи го далечинскиот управувач на телевизорот.
Off (Исклучено):
Не може да ракувате со производот користејќи го далечинскиот управувач на телевизорот.

Забелешка

  • Ако го поврзете производот со телевизор со помош на HDMI-кабел, достапните ставки од менито се ограничени.
  • Ако производот врши несакани операции како одговор на далечинскиот управувач на телевизорот, функцијата [CTRL FOR HDMI] поставете ја на опцијата [Off] (Исклучено).