Peaking Display (Приказ со издвојување)

Ви овозможува да ја поставите функцијата за издвојување која ги истакнува рабовите на површините во фокус при фотографирање со рачен фокус или директен рачен фокус. Кога снимате филм, функцијата за издвојување можете да ја користите и со автоматски фокус.
- MENU >
(Focus (Фокусирање)) > [Peaking Display] (Приказ со издвојување) > Изберете ставка од менито и поставете го саканиот параметар.
Детали за ставките на менито
-
Peaking Display (Приказ со издвојување): - Ви овозможува да изберете дали да се прикажува издвојување. ([On] (Вклучено) / [Off] (Исклучено))
-
Peaking Level (Ниво на издвојување): - Ви овозможува да го поставите нивото на подобрување на површините во фокус. ([High] (Високо) / [Mid] (Средно) / [Low] (Ниско))
-
Peaking Color (Боја на издвојувањето): - Ви овозможува да ја поставите бојата за подобрување на површините во фокус. ([Red] (Црвена) / [Yellow] (Жолта) / [Blue] (Сина) / [White] (Бела))
Совет
- Функцијата [Peaking Display Select] (Избери приказ со издвојување) е доделена на десната страна од контролното тркалце во зададените поставки.
Забелешка
- Бидејќи производот ги препознава острите површини како фокусирани, ефектот на издвојување се разликува во зависност од субјектот и објективот.
- Рабовите на површините во фокус не се подобрени на уредите поврзани преку HDMI.

