Чистење на сензорот за слика (Sensor Cleaning (Чистење сензор))
Ако прашина или нечистотии навлезат во фотоапаратот и се залепат на површината на сензорот за слика (делот што ја претвора светлината во електричен сигнал), може да се појават како темни дамки на сликата, во зависност од околината за фотографирање. Во тој случај, веднаш исчистете го сензорот за слика следејќи ги следниве чекори.
- Потврдете дека батеријата е доволно наполнета.
- MENU >
(Поставување) > [Setup Option] (Опција за поставување) > [Sensor Cleaning] (Чистење сензор) > [Enter] (Внеси).Сензорот за слика благо вибрира за да ја отстрани прашината. - Исклучете го фотоапаратот следејќи ги упатствата на екранот.
- Откачете го објективот.
- Употребете комерцијално достапна дувалка за чистење на површината на сензорот за слика и околината на сензорот.
- Држете го фотоапаратот со објективот малку завртен надолу за да прашината да може да излезе.

- Држете го фотоапаратот со објективот малку завртен надолу за да прашината да може да излезе.
- Прикачете го објективот.
Совет
- Повеќе информации како да ја проверите количината прашина на сензорот за слика, како и дополнителни детали за методите за чистење можете да најдете на следната URL-адреса.
https://support.d-imaging.sony.co.jp/www/support/ilc/sensor/index.php
Забелешка
- Проверете дали нивото на преостаната енергија во батеријата е
(3 преостанати индикатори за батерија) или повеќе, пред да започнете со чистењето. - Не употребувајте дувалка во спреј бидејќи може да распрсне капки вода во телото на фотоапаратот.
- Не ставајте го врвот на дувалката во шуплината подлабоко од местото каде се монтира објективот, врвот на дувалката не треба да го допира сензорот за слика.
- Кога го чистите сензорот за слика со дувалка, не дувајте пресилно. Ако пресилно дувате во сензорот, може да се оштети внатрешноста на производот.
- Ако прашината остане дури и откако ќе го исчистите производот како што е опишано, консултирајте се со сервисот.
- За време на чистењето, сензорот за слика емитува вибрирачки шум. Тоа не е дефект.
- Чистењето може да се изврши автоматски кога ќе се исклучи напојувањето.

