Користење на прилагодените копчиња

Ако однапред доделите често користени функции на прилагодените копчиња (1-6), тие функции можете брзо да ги повикате со едноставно притискање на копчињата за време на снимањето или репродукцијата.

На прилагодените копчиња стандардно им се доделуваат препорачани функции.

За проверка/промена на функциите на прилагодените копчиња

Функцијата тековно доделена на секое прилагодено копче можете да ја потврдите преку следната постапка.

MENU > (Setup (Поставување)) > [Operation Customize] (Прилагоди операција) > [Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче), [Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче) или [Custom Key Setting] (Поставки за прилагодено копче).

Ако сакате да ја смените функцијата на прилагоденото копче, притиснете во средината на контролното тркалце додека е избрано прилагоденото копче. Ќе се прикажат функциите што може да му се доделат на тоа копче. Изберете ја саканата функција.