Долна страна

- Брава за заклучување
- Влез за вметнување на батеријата
- Капак на батеријата
Пред да прикачите галантерија како Multi Battery Adaptor Kit (Комплет со адаптер за повеќе батерии) (се продава посебно), отстранете го капакот за батеријата.
За да го отстраните капакот за батеријата
Повлечете ја бравата за заклучување на капакот (A) за батеријата во насока на стрелката, а потоа отстранете го капакот за батеријата.

За да го прикачите капакот за батеријата
Вметнете ја осовината на капакот за батеријата од едната страна во отворот за прикачување, а потоа турнете го капакот за батеријата за да ја прикачите осовината на спротивната страна.

- Довод за вентилација
Не покривајте го доводот за вентилација.
- Дупка за навој на статив
Поддржува завртки 1/4-20 UNC
Користете статив со завртка која е пократка од 5,5 мм (7/32 инчи). Во спротивно, нема да можете да го прицврстите фотоапаратот и можно е да дојде до оштетување на фотоапаратот.

