Прикачување на испорачаната XLR-рачка (само со ILME-FX30)
Со прикачување на XLR-рачката, можете да ги користите функциите на XLR-адаптерот.
- Отстранете го капачето за приклучокот, а потоа прикачете ја XLR-рачката на приклучокот за повеќе интерфејси.

- Цврсто затегнете ги завртките од двете страни со помош на паричка и сл.

Забелешка
- Исклучете го фотоапаратот пред да ја прикачите/отстраните рачката.
- Кога ја прикачувате рачката на фотоапаратот, цврсто затегнете ги двете завртки за прикачување на рачката. Ако ја користите рачката без да ги прицврстите завртките за прикачување на рачката, приклучокот за повеќе интерфејси може да се оштети или да предизвика паѓање на фотоапаратот.

