Picture Profile (Профил на слика) (фотографија/филм)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Ви овозможува да ги промените поставките за бојата, градацијата итн.

Подетални информации за „Профил на слика“ погледнете во
https://helpguide.sony.net/di/pp/v1/en/index.html

Иако [Picture Profile] (Профил на слика) може да се користи и за фотографии и за филмови, функцијата е наменета главно за филмови.

Прилагодување на профилот на слика

Можете да го прилагодите квалитетот на сликата со прилагодување на одредени ставки во профилот на слика како што се [Gamma] (Гама) и [Detail] (Детали). Кога ги поставувате овие параметри, фотоапаратот поврзете го со телевизор или монитор и прилагодувајте ги ставките така што ќе ја гледате сликата на екранот.

  1. MENU > (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [Color/Tone] (Боја/Тон) > [Picture Profile] (Профил на слика) > профилот што сакате да го промените.
  2. Преминете на екранот со индекс на ставки со притиснување на десната страна на контролното тркалце.
  3. Изберете ја ставката што сакате да ја промените со помош на горната/долната страна на контролното тркалце.
  4. Изберете ја саканата вредност со помош на горната/долната страна на контролното тркалце и притиснете во средината.

Користење на однапред поставениот профил на слика

Зададените поставки од [PP1] до [PP11] за филмови се однапред поставени во фотоапаратот во зависност од различни услови за снимање.

MENU > (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [Color/Tone] (Боја/Тон) > [Picture Profile] (Профил на слика) > саканата поставка.

PP1:
Пример за поставка со употреба на гама [Movie] (Филм).
PP2:
Пример за поставка со употреба на гама [Still] (Фотографија).
PP3:
Пример за поставка за природни тонови на боите со употреба на гама [ITU709].
PP4:
Пример за поставка за тонови на бои што одговара на стандардот ITU709.
PP5:
Пример за поставка со употреба на гама [Cine1].
PP6:
Пример за поставка со употреба на гама [Cine2].
PP10:
Пример за поставка за снимање HDR-видеа со употреба на гама [HLG2].
PP11:
Пример за поставка со употреба на гама [S-Cinetone].
PPLUT1–PPLUT4 (само при снимање филмови):
Овозможува снимање на филмови со примена на корисничкиот LUT.


За регистрирање кориснички LUT (PPLUT1–PPLUT4)

Можете да примените LUT по ваш избор на снимените слики со доделување кориснички LUT регистрирани преку [Manage User LUTs] (Управувај со кориснички LUT) во PPLUT1–PPLUT4.

Поставување процедура:

  1. Изберете PPLUT1–PPLUT4 на екранот за избор на [Picture Profile] (Профил на слика), а потоа притиснете ја десната страна на контролното тркалце.
  2. Изберете [Basic Look] (Основен изглед) и притиснете во средината.
  3. Изберете LUT што ќе го користите како [Basic Look] (Основен изглед) од наведените кориснички LUT.


Снимање HDR-видео

Фотоапаратот може да снима HDR-видеа кога е избрана гама од [HLG], [HLG1] до [HLG3] во профилот на слика. Однапред поставениот профил на слика [PP10] дава пример за поставка за снимање HDR-видео. Филмовите снимени со [PP10] може да се гледаат со поширок опсег на осветленост од вообичаеното кога се репродуцираат на телевизор што поддржува Hybrid Log-Gamma (HLG). На овој начин, дури и сцените со широк опсег на осветленост може да се снимаат и да се прикажуваат реалистично, без да изгледаат како со преголема или премала експозиција. HLG се користи за продукција на телевизиска програма во HDR, како што е дефинирано во меѓународниот стандард ITU-R препорака BT.2100.


Ставки од профил на слика

Black Level (Ниво на црна боја)
Го поставува нивото на црна боја. (–15 до +15)

Gamma (Гама)
Овозможува да изберете крива за гама.
Филм: стандардна крива на гама за филмови
Фотографија: стандардна крива на гама за фотографии
S-Cinetone: крива на гама намената за филмски градации и прикази на бои. Оваа поставка овозможува снимање со помека репродукција на бои што е идеална за снимање портрети.
Cine1: го омекнува контрастот во темните делови и ја истакнува градацијата во светлите делови за да создаде филм со смирувачки бои. (еквивалентно на HG4609G33)
Cine2: слично со [Cine1], но оптимизирано за уредување со видеосигнал од максимум 100 %. (еквивалентно на HG4600G30)
Cine3: го засилува контрастот на светлината и сенките повеќе од [Cine1] и ја подобрува градацијата на црната боја.
Cine4: го зголемува контрастот во темните делови повеќе од [Cine3].
ITU709: крива на гама што соодветствува на ITU709.
S-Log3: крива на гама за [S-Log3] со послични функции со филм. Оваа поставка се заснова на претпоставката дека сликата ќе се обработи по снимањето.
HLG: крива на гама за снимање со HDR. Еквивалентно на HDR-стандардот Hybrid Log-Gamma, ITU-R BT.2100.
HLG1: крива на гама за снимање со HDR. Го истакнува намалувањето на шум. Меѓутоа, снимањето е ограничено на потесен динамички опсег отколку со [HLG2] или [HLG3].
HLG2: крива на гама за снимање со HDR. Овозможува рамнотежа помеѓу динамичкиот опсег и намалувањето на шумот.
HLG3: крива на гама за снимање со HDR. Поширок динамички опсег од [HLG2]. Меѓутоа, шумот може да се зголеми.
  • [HLG1], [HLG2] и [HLG3] применуваат крива на гама со исти карактеристики, но секоја нуди различна рамнотежа помеѓу динамичкиот опсег и намалувањето на шумот. Секоја има различно максимално ниво на репродукција на видео: [HLG1]: прибл. 87 %, [HLG2]: прибл. 95 %, [HLG3]: прибл. 100 %.

Black Gamma (Гама на црна боја)
Ја коригира гамата на површини со низок интензитет.
Функцијата [Black Gamma] (Гама на црна боја) е фиксна на „0“ и не може да се прилагоди кога [Gamma] (Гама) е поставена на [HLG], [HLG1], [HLG2] или [HLG3].
Опсег: овозможува да го изберете опсегот за корекција. (Широк / Среден / Тесен)
Ниво: овозможува да го изберете нивото за корекција. (-7 (максимална компресија на црната боја) до +7 (максимално проширување на црната боја))

Knee (Детали во заднина)
Овозможува да поставите точка за деталите во заднина и косина за компресија на видеосигналот за да се спречи преголема експозиција со ограничување на сигналите во површините со висок интензитет на субјектот на динамичкиот опсег на вашиот фотоапарат.
Кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на следните опции, а ставката [Mode] (Режим) е поставена на [Auto] (Автоматски), функцијата [Knee] (Детали во заднина) е недостапна. Функцијата [Knee] (Детали во заднина) може да се користи кога ставката [Mode] (Режим) е поставена на [Manual] (Рачно).
  • [Still] (Фотографија)
  • [Cine1]
  • [Cine2]
  • [Cine3]
  • [Cine4]
  • [S-Log3]
  • [HLG]
  • [HLG1]
  • [HLG2]
  • [HLG3]
Mode (Режим): овозможува избор на автоматско/рачно поставување.
  • Auto (Автоматски): точката за деталите во заднина и косината се поставуваат автоматски.
  • Manual (Рачно): точката за деталите во заднина и косината се поставуваат рачно.
Auto Set (Автоматско поставување): поставки кога за [Mode ] (Режим) е избрано [Auto] (Автоматски).
  • Max Point (Максимална точка): ви овозможува да ја поставите максималната точка за деталите во заднина. (90 % до 100 %)
  • Sensitivity (Чувствителност): ви овозможува да ја поставите чувствителноста. (High (Висока) / Mid (Средна) / Low (Ниска))
Manual Set (Рачно поставување): поставки кога за [Mode] (Режим) е избрано [Manual] (Рачен).
  • Point (Точка): ви овозможува да ја поставите точката за деталите во заднина. (75 % до 105 %)
  • Slope (Косина): ви овозможува да ја поставите косината за деталите во заднина. (-5 (мала) до +5 (стрмна))

Color Mode (Режим на боја)
Ви овозможува да го поставите видот и нивото на бои.
Во [Color Mode] (Режим на боја), достапни се само [BT.2020] и [709] кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [HLG], [HLG1], [HLG2] или [HLG3].
Филм: соодветни бои кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [Movie] (Филм).
Фотографија: соодветни бои кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [Still] (Фотографија).
S-Cinetone: соодветни бои кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [S-Cinetone].
Кино: соодветни бои кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [Cine1] или [Cine2].
Професионално: слични тонови на бои со стандардниот квалитет на слика на професионалните фотоапарати од Sony (во комбинација со гама ITU709)
Матрица ITU709: бои што соодветствуваат на стандардот ITU709 (во комбинација со гама ITU709)
Црно-бело: ви овозможува да ја поставите заситеноста на нула за црно-бело снимање.
S-Gamut3.Cine: поставка врз основа на претпоставката дека сликите ќе бидат обработени по снимањето. Се користи кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [S-Log3]. Оваа поставка ви овозможува да снимате во простор на бои што лесно може да се конвертира за дигитално кино.
S-Gamut3: поставка врз основа на претпоставката дека сликите ќе бидат обработени по снимањето. Се користи кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [S-Log3]. Оваа поставка ви овозможува да снимате во широк простор на бои.
BT.2020: стандардни тонови на бои кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [HLG], [HLG1], [HLG2] или [HLG3].
709: тонови на бои кога функцијата [Gamma] (Гама) е поставена на [HLG], [HLG1], [HLG2] или [HLG3], а филмовите се снимаат со HDTV-боја (BT.709).

Saturation (Заситеност)
Ви овозможува да ја поставите заситеноста на боите. (-32 до +32)

Color Phase (Фаза на бои)
Ви овозможува да ја поставите фазата на боите. (-7 до +7)

Color Depth (Длабочина на бои)
Ви овозможува да ја поставите длабочината на боите за секоја фаза на бои. Оваа функција е поефективна за хроматските бои и помалку ефективна за ахроматските бои. Бојата изгледа подлабока кога ја зголемувате вредноста на поставката кон позитивната страна и посветла кога ја намалувате вредноста кон негативната страна. Оваа функција е ефективна дури и ако ја поставите опцијата [Color Mode] (Режим на боја) на [Black & White] (Црно-бело).
[R] -7 (светла црвена) до +7 (длабока црвена)
[G] -7 (светла зелена) до +7 (длабока зелена)
[B] -7 (светла сина) до +7 (длабока сина)
[C] -7 (светла цијан) до +7 (длабока цијан)
[M] -7 (светла магента) до +7 (длабока магента)
[Y] -7 (светла жолта) до +7 (длабока жолта)

Detail (Детали)
Ви овозможува да поставите ставки за [Detail] (Детали).
Ниво: ви овозможува да го поставите нивото на [Detail] (Детали). (-7 до +7)
Прилагодување: следните параметри може да се изберат рачно.
  • Режим: ви овозможува да изберете автоматска/рачна поставка. (Автоматски (автоматска оптимизација) / Рачно (Деталите се поставуваат рачно.))
  • Баланс на V/H: ви овозможува да го поставите вертикалниот (V) и хоризонталниот (H) баланс на DETAIL (Детали). (-2 (кон вертикалната (V) страна) до +2 (кон хоризонталната (H) страна))
  • Баланс на B/W: ви овозможува да го изберете балансот на темни ДЕТАЛИ (B) и светли ДЕТАЛИ (W). (Тип1 (кон темните ДЕТАЛИ (B)) до Тип5 (кон светлите ДЕТАЛИ (W))
  • Ограничување: ви овозможува да го поставите нивото на ограничување за [Detail] (Детали). (0 (Ниско ниво на ограничување: голема веројатност за ограничување) до 7 (Високо ниво на ограничување: мала веројатност за ограничување))
  • Изострување: ви овозможува да го поставите нивото на изострување. (0 (ниско ниво на изострување) до 7 (високо ниво на изострување))
  • Детали на светлите површини: ви овозможува да го поставите нивото на [Detail] (Детали) во површините со висок интензитет. (0 до 4)

За копирање на поставките во друг број на профил на слика
Можете да ги копирате поставките за профилот на слика во друг број на профил на слика.
MENU > (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [Color/Tone] (Боја/Тон) > [Picture Profile] (Профил на слика) > [Copy] (Копирај).

За ресетирање на профилот на слика на зададената поставка
Можете да го ресетирате профилот на слика на зададената поставка. Не можете да ги ресетирате сите поставки за профилот на слика одеднаш.
MENU > (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [Color/Tone] (Боја/Тон) > [Picture Profile] (Профил на слика) > [Reset] (Ресетирај).

Забелешка

  • Ако сакате да изберете различни поставки за филмови и фотографии, означете ја опцијата [Picture Profile] (Профил на слика) во [Different Set for Still/Mv] (Различни поставки за фотографија/филм).
  • Ако создавате RAW-слики со поставките за фотографирање, следните поставки нема да се прикажат:
    • Black Level (Ниво на црна боја)
    • Black Gamma (Гама на црна боја)
    • Knee (Детали во заднина)
    • Color Depth (Длабочина на бои)
  • Ако ја промените функцијата [Gamma] (Гама), ќе се промени и достапниот опсег на ISO-вредности.
  • Може да има повеќе шум во темните делови во зависност од поставките за гама. Тоа може да се подобри со поставување на компензацијата на објективот на [Off] (Исклучено).
  • Кога ја користите гамата S-Log3, шумот станува позабележителен во споредба со тоа кога користите друга гама. Ако шумот е сè уште значителен дури и по обработката на сликите, може да се подобри со фотографирање со посветла поставка. Меѓутоа, динамичкиот опсег станува потесен кога фотографирате со посветла поставка. Ви препорачуваме однапред да ја проверите сликата со пробно фотографирање кога користите S-Log3.
  • Поставувањето [S-Log3] може да предизвика грешка во прилагоденото поставување на балансот на белата боја. Во тој случај, прво извршете прилагодено поставување со гама што не е [S-Log3], а потоа повторно изберете ја гамата [S-Log3].
  • Поставувањето PPLUT1–PPLUT4 може да предизвика грешка во прилагоденото поставување на балансот на белата боја. Во тој случај, прво извршете прилагодено поставување со поставка што не е PPLUT1–PPLUT4, а потоа повторно изберете PPLUT1–PPLUT4.
  • Ако ја поставите функцијата [Slope] (Косина) на +5 од [Manual Set] (Рачно поставување) во [Knee] (Детали во заднина), функцијата [Knee] (Детали во заднина) ќе се оневозможи.
  • S-Gamut3.Cine и S-Gamut3 се простори на бои што се ексклузивни за Sony. Меѓутоа, поставката S-Gamut на овој фотоапарат не го поддржува целиот простор на бои S-Gamut; тоа е поставка за да се постигне репродукција на боја еквивалентна на S-Gamut.
  • Функцијата [Picture Profile] (Профил на слика) е фиксна на [Off] (Исклучено) во следната ситуација:
    • Режимот [Log Shooting] (Снимање со форматот „Log“) е поставен на опција што не е [Off] (Исклучено)