AF Transition Speed (Брзина на транзиција на AF)

филм, забавенo и забрзано движењe

Ја поставува брзината на фокусирање кога целта на автоматскиот фокус се менува при снимањето филм.

  1. MENU > (Focus (Фокусирање)) > [AF/MF] > [AF Transition Speed] (Брзина на транзиција на AF) > сакана поставка.

Детали за ставките на менито

7 (Fast) (Брзо)/6/5/4/3/2/1 (Slow) (Бавно):
За побрзо фокусирање на објектот изберете повисока вредност.
За порамномерно фокусирање на објектот изберете пониска вредност.

Совет

  • Можете да ја користите функцијата за фокусирање со допир за намерно да го преместувате AF.