IPTC-информации

Можете да запишувате IPTC-информации* кога снимате фотографии. Создавајте и уредувајте ги IPTC-информациите со помош на апликацијата IPTC Metadata Preset (https://www.sony.net/iptc/help/) и однапред запишувајте ги на мемориска картичка.

*IPTC-информациите се состојат од атрибути на метаподатоци за дигитални слики, стандардизирани од Меѓународниот совет за телекомуникации за печатот.

  1. MENU > (Shooting (Снимање)) > [File] (Датотека) > [IPTC Information] (IPTC-информации) > сакана ставка за поставување.

Детали за ставките на менито

Write IPTC Info (Запиши IPTC-информации):
Поставува дали да се запишуваат IPTC-информации на фотографии. ([On] (Вклучено)/[Off] (Исклучено))
  • Ако ја изберете опцијата [On] (Вклучено), иконата (IPTC) ќе се појави на екранот за снимање.
Register IPTC Info (Регистрирај IPTC-информации):
Ги регистрира IPTC-информациите од мемориската картичка на фотоапаратот. Изберете ја мемориската картичка во [Slot 1] (Влез 1) или [Slot 2] (Влез 2) од каде што ќе се читаат IPTC-информациите.

Совет

  • Кога репродуцирате слики со IPTC-информации, иконата (IPTC) се појавува на екранот.
  • За повеќе информации како да се користи апликацијата IPTC Metadata Preset, погледнете ја страницата за поддршка.
    https://www.sony.net/iptc/help/

Забелешка

  • Секогаш кога регистрирате IPTC-информации, информациите што претходно биле регистрирани на фотоапаратот се презапишуваат.
  • Не можете да уредувате или проверувате IPTC-информациите на фотоапаратот.
  • За да ги избришете IPTC-информациите регистрирани на фотоапаратот, ресетирајте го на почетните поставки.
  • Пред да ја позајмите или да го предадете фотоапаратот, ресетирајте го за да ги избришете IPTC-информациите.