Користење на навигациското копче за избор
Можете да ја поместувате фокусната површина со притиснување на горната/долната/левата/десната страна на навигациското копче за избор. Исто така, можете да доделите функција што ќе се активира со притиснување во средината на навигациското копче за избор.

- Ставете го прстот врз навигациското копче за избор за да можете попрецизно да го управувате.
- Можете да ја поместувате фокусната површина кога функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) е поставена на следните параметри:- [Zone] (Зона)
- [Spot: S] (Точка: S) / [Spot: M] (Точка: M) / [Spot: L] (Точка: L)
- [Expand Spot] (Прошири точка)
- [Tracking: Zone] (Следење: Зона)
- [Tracking: Spot S] (Следење: Точка S) / [Tracking: Spot M] (Следење: Точка M) / [Tracking: Spot L] (Следење: Точка L)
- [Tracking: Expand Spot] (Следење: Прошири точка)
- Функцијата [Focus Standard] (Стандарден фокус) во зададените поставки е доделена на средината на навигациското копче за избор.

