Бришење на повеќе избрани слики (Delete (Избриши))

Можете да избришете повеќе избрани слики. Откако еднаш ќе избришете некоја слика, не е можно да ја вратите. Однапред потврдете ја сликата што треба да се избрише.

  1. MENU > (Playback (Репродукција)) > [Delete] (Избриши) > [Delete] (Избриши) > сакана поставка.

Детали за ставките на менито

All Other Than This Img. (Сите освен сликата):
Ги брише сите слики во групата освен избраната.
All Images in This Group (Сите слики во групата):
Ги брише сите слики во избраната група.
Multiple Img. (Повеќе слики):
Ги брише избраните слики.
(1) Изберете ги сликите што треба да се избришат, а потоа притиснете во средината на контролното тркалце. Ознаката (потврда) се прикажува во полето за означување. За да ги откажете изборот, повторно притиснете на средината за да ја отстраните ознаката (потврда).
(2) За да избришете други слики, повторете го чекор (1).
(3) MENU > [OK].
All in this Folder (Сите во папката):
Ги брише сите слики во избраната папка.
All with this date (Сите со овој датум):
Ги брише сите слики снимени на избраниот датум.

Совет

  • Извршете ја функцијата [Format] (Форматирај) за да ги избришете сите слики, вклучувајќи ги и заштитените слики.
  • За да се прикаже саканата папка или датум, за време на репродукцијата изберете ја саканата папка или датум со извршување на следнава постапка: поместете ја рачката за W/T (зумирање) на страната W > изберете ја лентата лево со помош на контролното тркалце > изберете ја саканата папка или датум со помош на горната/долната страна на контролното тркалце.
  • Ако изберете група во опцијата [Multiple Img.] (Повеќе слики), сите слики во групата ќе бидат избришани. За да изберете и заштитите одделни слики од групата, извршете ја функцијата [Multiple Img.] (Повеќе слики) додека ги прикажувате сликите во групата.

Забелешка

  • Заштитените слики не може да се избришат.
  • Ставките од менито што може да се избираат се разликуваат во зависност од поставките за режимот [View Mode] (Режим за прегледување) и избраните содржини.