Користење на тастатурата

Кога е потребно рачно внесување знак, на екранот се прикажува тастатура. За примери на функциите за коишто е потребна тастатура, погледнете во „Поврзана тема“ на дното на оваа страница.

  1. Поле за внесување
    Се прикажуваат знаците што сте ги внеле.
  2. Префрлање тип на знаци
    Секогаш кога ќе притиснете на ова копче, типот на знаци ќе се префрла помеѓу буквите од азбуката, бројките и симболите.
  3. Тастатура
    Секогаш кога ќе го притиснете ова копче, знаците што одговараат на тоа копче ќе се прикажуваат во редослед од еден по еден. За да префрлите од мала на голема буква, притиснете (стрелка нагоре).
  4. (Стрелка налево)
    Во полето за внесување курсорот го поместува налево.
  5. (Стрелка надесно)
    Во полето за внесување курсорот го поместува надесно. Ова копче се користи и за да се финализира внесувањето на знакот што се уредува и да се премине на следниот знак.
  6. (Избриши)
    Ги брише знаците што се наоѓаат пред курсорот.
  7. (Стрелка нагоре)
    Префрла во голема или мала буква.
  8. (Празно место)
    Внесува празно место.
  9. OK
    Откако ќе внесете знаци притиснете го ова копче за да ги финализирате.


Постапката за внесување на азбучни знаци е објаснета подолу.

  1. Користете го контролното тркалце за да го поместите курсорот до саканото копче.
    • Секогаш кога ќе притиснете во средината на контролното тркалце, знаците се менуваат
    • За да префрлите буква во голема или мала, притиснете (Стрелка нагоре).
  2. Кога ќе се појави знакот што сакате да го внесете, притиснете (Стрелка надесно) за да го потврдите знакот.
    • Не заборавајте да го потврдите секој одделен знак. Ако не потврдите одреден знак, не можете да го внесете следниот.
    • Дури и ако не притиснете (Стрелка надесно), внесениот знак автоматски ќе се потврди по неколку секунди.
  3. Откако ќе завршите со внесување на сите знаци, притиснете [OK] за да го финализирате.
    • За да го откажете внесувањето, изберете [Cancel] (Откажи).