Shutter AWB Lock (Заклучување на AWB при активирање на блендата)

фотографија

Ви овозможува да изберете дали ќе се заклучи балансот на белата боја кога копчето за блендата е притиснато и кога функцијата [White Balance] (Баланс на белата боја) е поставена на [Auto] (Автоматски) или [Underwater Auto] (Автоматски под вода).

Оваа функција спречува ненамерни промени на балансот на белата боја кога фотографирате со копчето за блендата притиснато до половина.
  1. MENU > (Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [White Balance] (Баланс на белата боја) > [Shutter AWB Lock] (Заклучување на AWB при активирање на блендата) > саканата поставка.

Детали за ставките на менито

Shutter Half Press (Притиснување на копчето за блендата до половина):
Го заклучува балансот на белата боја кога копчето за блендата е притиснато до половина, дури и кога е избран режимот за автоматски баланс на белата боја.
Off (Исклучено):
Работи со нормалниот автоматски баланс на белата боја.


Повеќе за [AWB Lock Hold] (Заклучување на AWB со задржување) и [AWB Lock Toggle] (Вклучување/исклучување на заклучувањето на AWB)

Исто така, можете да го заклучите балансот на белата боја во режимот за автоматски баланс на белата боја така што функцијата [AWB Lock Hold] (Заклучување на AWB со задржување) или [AWB Lock Toggle] (Вклучување/исклучување на заклучувањето на AWB) ќе ја доделите на прилагоденото копче. Ако го притиснете доделеното копче при фотографирањето, балансот на белата боја ќе се заклучи.
Функцијата [AWB Lock Hold] (Заклучување на AWB со задржување) го заклучува балансот на белата боја со запирање на автоматското прилагодување на балансот на белата боја додека е притиснато копчето.

Функцијата [AWB Lock Toggle] (Вклучување/исклучување на заклучувањето на AWB) го заклучува балансот на белата боја со запирање на автоматското прилагодување на балансот на белата боја кога еднаш ќе притиснете на копчето. Кога повторно ќе притиснете на копчето, заклучувањето на AWB се исклучува.

  • Ако сакате да го заклучите балансот на белата боја додека снимате филм во режимот за автоматски баланс на белата боја, исто така доделете ја функцијата [AWB Lock Hold] (Заклучување на AWB со задржување) или [AWB Lock Toggle] (Вклучување/исклучување на заклучувањето на AWB) на прилагоденото копче.