Right/Left Eye Select (Избери лево/десно око) (фотографија/филм)

Поставува дали да фокусира на левото или десното око кога функцијата [
Face/Eye Subject] (Лице/очи на субјект) е поставена на [Human] (Човек) или [Animal] (Животно).
- MENU >
(Focus (Фокусирање)) > [Face/Eye AF] (AF за лице/очи) > [
Right/Left Eye Select] (Избери лево/десно око) > сакана поставка.
Детали за ставките на менито
- Auto (Автоматски):
- Фотоапаратот автоматски го открива левото или десното око.
- Right Eye (Десно око):
- Се открива десното око на објектот (окото од лево според перспективата на фотографот).
- Left Eye (Лево око):
- Се открива левото око на објектот (окото од десно според перспективата на фотографот).
Функција [Switch Right/Left Eye] (Префрли лево/десно око) на прилагодено копче
Исто така, со притискање на прилагоденото копче можете да префрлате кое око треба да се открива.
Кога функцијата [
Right/Left Eye Select] (Избери лево/десно око) е поставена на опциите [Right Eye] (Десно око) или [Left Eye] (Лево око), можете да префрлате кое око треба да се открива со притискање на прилагоденото копче на коешто сте му ја доделиле функцијата [Switch Right/Left Eye] (Префрли лево/десно око).
Кога функцијата [
Right/Left Eye Select] (Избери лево/десно око) е поставена на опцијата [Auto] (Автоматски), можете привремено да го префрлите окото со притискање на прилагоденото копче на коешто му е доделена функцијата [Switch Right/Left Eye] (Префрли лево/десно око).
Привремениот избор лево/десно се откажува кога ќе ги извршите следните операции, и сл. Фотоапаратот се враќа на поставката за автоматско откривање очи.
- Со притискање на средината на контролното тркалце
- Со притискање на средината на навигациското копче за избор
- Со отпуштање на копчето за бленда притиснато до половина (само при снимање фотографија)
- Со отпуштање на прилагоденото копче на коешто му е доделена функцијата [AF On] (Вклучен AF) или [Eye AF] (AF на очи) (само при снимање фотографија)
- Со притискање на копчето MENU
Совет
- Кога функцијата [
Face/Eye Frame Disp.] (Приказ на рамка за лице/очи) е поставена на опцијата [On] (Вклучено), рамката за откривање очи се појавува околу окото што сте го избрале со помош на функцијата [
Right/Left Eye Select] (Избери лево/десно око) или [Switch Right/Left Eye] (Префрли лево/десно око) преку прилагоденото копче.

