Multi Battery Adaptor Kit (Комплет со адаптер за повеќе батерии)

Со овој фотоапарат можете да го користите комплетот со адаптер за повеќе батерии (се продава посебно) за да снимате подолг временски период. Ако го користите комплетот со адаптер за повеќе батерии, тогаш отстранете го капакот за батеријата на фотоапаратот.
За повеќе информации, погледнете го упатството за работа што се испорачува со комплетот со адаптер за повеќе батерии.

За да го отстраните капакот за батеријата

Повлечете ја бравата за заклучување на капакот (A) за батеријата во насока на стрелката, а потоа отстранете го капакот за батеријата.

Слика на којашто се прикажува како се отстранува капакот за батеријата


За да го прикачите капакот за батеријата

Вметнете ја осовината на капакот за батеријата од едната страна во отворот за прикачување, а потоа турнете го капакот за батеријата за да ја прикачите осовината на спротивната страна.

Забелешка

  • Кога приклучната плочка на комплетот со адаптер за повеќе батерии е вметната во фотоапаратот, немојте да ја лизгате бравата за заклучување на батеријата на фотоапаратот. Приклучната плочка ќе се исфрли од фотоапаратот ако го направите тоа.