Shockless WB (Стабилен WB)

Овозможува да ја поставите брзината со која се менува балансот на белата боја при снимање филм, како на пример кога ја менувате поставката за [
White Balance] (Баланс на белата боја) или [
Priority Set in AWB] (Поставување приоритет за AWB).
- MENU >
(Exposure/Color (Експозиција/Боја)) > [White Balance] (Баланс на белата боја) > [Shockless WB] (Стабилен WB) > саканата поставка.
Детали за ставките на менито
- Off (Исклучено):
- Балансот на белата боја веднаш ќе се промени ако ја промените поставката за балансот на белата боја при снимање филм.
- 1 (Брзо)/2/3 (Бавно):
- Можете да ја изберете брзината со која се менува балансот на белата боја при снимање филм за да се овозможи порамномерна промена на балансот на белата боја на филмот.
Поставките за брзина од најбрза до најбавна се [1 (Брзо)], [2] и [3 (Бавно)].
Забелешка
- Оваа функција не влијае на брзината со која се менува балансот на белата боја кога функцијата [
White Balance] (Баланс на белата боја) е поставена на [Auto] (Автоматски) или [Underwater Auto] (Автоматски под вода). - Дури и ако е избрана поставка што не е [Off] (Исклучено), следните операции веднаш ќе се применат на филмот без оглед на поставката за брзина.
- Прецизни прилагодувања на тоновите на бои
- Промени во температурата на боите со помош на [C.Temp./Filter] (Температура на бои/филтер)

