HDMI Output Settings (Поставки за надворешен излез преку HDMI) (филм)

Поставува видеото и аудиото да се емитуваат на надворешен снимач/плеер поврзан преку HDMI кога снимате филм.
Користете Premium High Speed HDMI-кабел (се продава посебно) за емитување филмови во 4K или RAW.

  1. MENU > (Setup (Поставување)) > [External Output] (Надворешен излез) > [HDMI Output Settings] (Поставки за надворешен излез преку HDMI > саканата ставка за поставување.

Детали за ставките на менито

Rec. Media dur HDMI Output (Снимање медиуми при емитување преку HDMI):
Поставува дали да се снимаат филмови на мемориската картичка на фотоапаратот за време на емитувањето преку HDMI).
[On] (Вклучено): Снима филмови на мемориската картичка на фотоапаратот и истовремено ги емитува на уредот поврзан преку HDMI. Длабочината на боите на филмот што се емитува зависи од поставката [Record Setting] (Поставки за снимање) во [Movie Settings] (Поставки за филм).
[Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI): Не снима филмови на мемориската картичка на фотоапаратот, само ги емитува на уредите поврзани преку HDMI.
Output Resolution (Излезна резолуција):
Ја поставува резолуцијата за сликата што ќе се емитува на друг уред поврзан преку HDMI кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е поставена на опцијата [On] (Вклучено), а функцијата [RAW Output] (Излезен RAW-сигнал) е поставена на [Off] (Исклучено). ([Auto] (Автоматски) / [2160p] / [1080p] / [1080i])
4K Output Set.(HDMI Only) (Поставување излезен 4K-сигнал (само HDMI)):
Ги поставува стапката на кадри и длабочината на боите на филм во 4K што се емитува на друг уред поврзан преку HDMI кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI), а [RAW Output] (Излезен RAW-сигнал) е поставена на [Off] (Исклучено). ([60p 10 бита] / [50p 10 бита] / [30p 10 бита] / [25p 10 бита] / [24p 10 бита])
RAW Output (Излезен RAW-сигнал):
Поставува дали да се емитува RAW на друг уред компатибилен со RAW поврзан преку HDMI. ([On] (Вклучено) / [Off] (Исклучено))
RAW Output Setting (Поставување излезен RAW-сигнал):
Ја поставува стапката на кадри при емитување филм во RAW на друг уред компатибилен со RAW поврзан преку HDMI. ([60p] / [50p] / [30p] / [25p] / [24p])
Time Code Output (Излезен сигнал со временски код):
Поставува дали да се емитува временскиот код и корисничкиот бит на друг уред поврзан преку HDMI. ([On] (Вклучено) / [Off] (Исклучено))
Информациите за временскиот код се пренесуваат во облик на дигитални податоци, не како слика прикажана на екранот. Поврзаниот уред потоа може да се повика на дигиталните податоци за да ги препознае податоците за времето.
REC Control (Контрола на снимањето):
Поставува дали да започне или запре снимањето на надворешниот снимач/плеер со далечинска контрола преку фотоапаратот кога тој е поврзан со надворешен снимач/плеер. ([On] (Вклучено) / [Off] (Исклучено))
4ch Audio Output (Снимање аудио во 4 канали):
Кога снимате аудио во 4 канали, поставете ја комбинацијата на аудио канали што ќе се репродуцираат на други уреди поврзани преку HDMI.
[CH1/CH2]: овозможува репродукција на аудио од каналот 1 на L (левата) страна и од каналот 2 на R (десната) страна.
[CH3/CH4]: овозможува репродукција на аудио од каналот 3 на L (левата) страна и од каналот 4 на R (десната) страна.

Совет

  • Кога функцијата [REC Control] (Контрола на снимањето) е поставена на [On] (Вклучено), (STBY) се прикажува кога командата за снимање е подготвена да се испрати до надворешниот снимач/плеер, а (REC) се прикажува кога командата за снимање се испраќа до надворешниот снимач/плеер.
  • Дури и кога репродуцирате филм со 4 канали на уред поврзан преку HDMI-приклучокот на фотоапаратот, аудиото се пренесува со поставката [4ch Audio Output] (Снимање аудио во 4 канали).
  • Кога репродуцирате RAW-видеоснимки на друг уред поврзан преку HDMI, поставете ја функцијата [Log Shooting] (Снимање со форматот „Log“) во [Log Shooting Setting] (Поставки за снимање со форматот „Log“) на опција што не е [Off] (Исклучено). Поставката за [Color Gamut] (Палета на бои) од [Log Shooting Setting] (Поставки за снимање со форматот „Log“) се применува на RAW-видеоснимките што се репродуцираат преку HDMI.

Забелешка

  • RAW-видеоснимки не може да се снимаат на мемориската картичка на фотоапаратот.
  • При снимање со забавени движења/брзи движења, функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е заклучена на [On] (Вклучено), а функцијата [RAW Output] (Излезен RAW-сигнал) е заклучена на [Off] (Исклучено). Не е возможно само да репродуцирате 4K-видеоснимки на уред поврзан преку HDMI без да се снимат филмовите на мемориска картичка. Не е возможно и да се репродуцираат RAW-видеоснимки.
  • Кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI) или фотоапаратот репродуцира RAW-видеоснимки, функцијата [HDMI Info. Display] (Приказ на информации за HDMI) привремено ќе биде поставена на [Off] (Исклучено).
  • Кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI), бројачот не одбројува нанапред (реалното време на снимање не се брои) додека филмот се снима на надворешен снимач/плеер.
  • Кога функцијата [Log Shooting] (Снимање со форматот „Log“) во [Log Shooting Setting] (Поставки за снимање со форматот „Log“) е поставена на [Off] (Исклучено), функцијата [RAW Output] (Излезен RAW-сигнал) е заклучена на [Off] (Исклучено).
  • Без оглед на поставката за [Output Resolution] (Излезна резолуција), излезната резолуција преку HDMI се префрла на 1080 во следните случаи.*
    • Кога функцијата [Log Shooting] (Снимање со форматот „Log“) во [Log Shooting Setting] (Поставки за снимање со форматот „Log“) е поставена на опција што не е [Off] (Исклучено).
    • Кога функцијата [Picture Profile] (Профил на слика) е поставена на PPLUT1-PPLUT4.

    *Меѓутоа, кога функцијата [Rec. Media dur HDMI Output] (Снимање медиуми при емитување преку HDMI) е поставена на [Off(HDMI Only)] (Исклучено(Само HDMI) или кога функцијата [RAW Output] (Излезен RAW-сигнал) е поставена на [On] (Вклучено), видеоснимките се репродуцираат во 4K.

  • Функцијата [REC Control] (Контрола на снимањето) може да се користи со надворешни снимачи/плеери што ја поддржуваат функцијата [REC Control] (Контрола на снимањето).
  • Кога функцијата [Time Code Output] (Излезен сигнал со временски код) е поставена на [Off] (Исклучено), нема да можете да поставите [REC Control] (Контрола на снимањето).
  • Дури и кога се прикажува (REC), надворешниот снимач/плеер може да не работи правилно во зависност од поставките или статусот на снимачот/плеерот. Пред употреба, проверете дали надворешниот снимач/плеер работи правилно.
  • Кога функцијата [Time Code Output] (Излезен сигнал со временски код) е поставена на [On] (Вклучено), сликите може да не се репродуцираат правилно на телевизорот или уредот за снимање. Во тој случај, поставете ја функцијата [Time Code Output] (Излезен сигнал со временски код) на [Off] (Исклучено).
  • Не може да се репродуцира аудио во 4 канали на други уреди поврзани преку HDMI.
  • При репродукција на RAW-сигнал, гамата е заклучена на S-Log3. Можете да репродуцирате контраст еквивалентен на контрастот на нормалната гама со поставување на функцијата [Gamma Display Assist] (Помош при приказ на гама) на [On] (Вклучено) и [Gamma Disp. Assist Typ.] (Тип на помош при приказ на гама) на [Auto] (Автоматски) или [S-Log3>709(800%)].
  • Кога репродуцирате RAW-видеоснимки, не можете да ја користите опцијата [Active] (Активно) за [SteadyShot].