Број на преостанати слики за фотографирање
Кога ќе вметнете мемориска картичка во фотоапаратот и ќе го вклучите фотоапаратот, на екранот се прикажува бројот на преостанати слики за фотографирање (ако продолжите да снимате со тековните поставки).
Забелешка
- Кога бројот „0“ (бројот на преостанати слики за фотографирање) трепка во портокалова боја, мемориската картичка е полна. Заменете ја мемориската картичка или избришете слики од тековната мемориска картичка.
- Кога пораката „NO CARD“ (НЕМА КАРТИЧКА) трепка во портокалова боја, тоа значи дека не е вметната мемориска картичка. Вметнете мемориска картичка.
- Ако се прикаже иконата
(предупредување) или иконата
(дефект), нешто не е во ред со мемориската картичка. Заменете ја мемориската картичка.
Бројот на слики што може да се снимат на мемориска картичка
Табелата подолу го прикажува приближниот број на слики што може да се снимат на мемориска картичка форматирана со овој фотоапарат.
Прикажаните бројки ги одразуваат следните услови:
- Користење мемориска картичка од Sony
- Опцијата [Aspect Ratio] (Сооднос на слика) е поставена на [3:2], а функцијата [JPEG Image Size] (Големина на JPEG-слика)/[HEIF Image Size] (Големина на HEIF-слика) е поставена на [L: 26M]. *1
Вредностите може да се разликуваат во зависност од условите за снимање и видот на мемориската картичка.
(Единица: слики)
JPEG Quality (Квалитет на JPEG)/HEIF Quality (Квалитет на HEIF)/ File Format (Формат на датотека) |
SD-мемориска картичка | Мемориска картичка CFexpress Type A | ||
|---|---|---|---|---|
| 64 GB | 128 GB | 80 GB | 160 GB | |
| JPEG Light | 13 000 | 26 000 | 15 000 | 30 000 |
| JPEG Standard | 9 200 | 18 000 | 10 000 | 21 000 |
| JPEG Fine | 6 500 | 13 000 | 7 500 | 15 000 |
| JPEG Extra fine | 3 200 | 6 500 | 3 800 | 7 600 |
| HEIF Light | 17 000 | 34 000 | 20 000 | 38 000 |
| HEIF Standard | 13 000 | 26 000 | 15 000 | 30 000 |
| HEIF Fine | 9 000 | 19 000 | 11 000 | 22 000 |
| HEIF Extra fine | 6 900 | 13 000 | 8 100 | 16 000 |
| RAW & JPEG *2 | 1 300 | 2 700 | 1 500 | 3 100 |
| RAW & HEIF *2 | 1 400 | 2 900 | 1 700 | 3 400 |
| RAW | 1 700 | 3 400 | 2 000 | 4 000 |
*1 Кога опцијата [Aspect Ratio] (Сооднос на слика) е поставена на вредност што не е [3:2], можете да снимате повеќе слики од бројките прикажани на табелата погоре. (освен кога е избрано [RAW])
*2 Квалитет на JPEG-сликите кога е избрано [RAW & JPEG]: [Fine]
Квалитет на HEIF-сликите кога е избрано [RAW & HEIF]: [Fine]
Забелешка
- Дури и ако бројот на преостанати слики за фотографирање е поголем од 9 999 слики, ќе се појави „9999“.

File Format