Фокусирање на човечки очи
Фотоапаратот може автоматски да открива лица и очи и да се фокусира на очите (Eye AF (AF на очи)). Следното објаснување се однесува на случаи кога цел на откривањето е човек. Може да се откријат лицата на најмногу 8 објекти.
Постојат два метода на извршување на функцијата [Eye AF] (AF на очи), со одредени разлики што се однесуваат на нивните спецификации. Изберете го методот соодветен на вашата цел.
| Ставка | [ Face/Eye Prior. in AF] (Приоритет на лице/очи при AF) |
Функција [Eye AF] (AF на очи) преку прилагодено копче |
|---|---|---|
| Карактеристики | Фотоапаратот дава поголем приоритет на откривањето лице/очи. | Фотоапаратот открива исклучиво лице/очи. |
| Напредна подготовка |
|
Функцијата [Eye AF] (AF на очи) доделете ја на саканото прилагодено копче со помош на функциите [ Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче) или [ Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче). |
| Како да ја вршите функцијата [Eye AF] (AF на очи) | Притиснете го копчето за активирање на блендата до половина.*1 | Притиснете на копчето на коешто сте му ја доделиле функцијата [Eye AF] (AF на очи).*2 |
| Детали за функцијата |
|
|
| Режим на фокусирање | Следува по поставката означена со [ Focus Mode] (Режим на фокусирање) |
Следува по поставката означена со [ Focus Mode] (Режим на фокусирање) |
| Област на фокусирање | Следува по поставката означена со [ Focus Area] (Фокусна површина) |
Фокусната површина привремено се отвора на целиот екран, независно од поставката за [ Focus Area] (Фокусна површина). |
*1Со ова операција се врши функцијата [Eye AF] (AF на очи) при снимање фотографија. При снимање филм, функцијата [Eye AF] (AF на очи) се активира без притискање на копчето за бленда, доколку се откријат лице или очи.
*2 Независно од тоа дали функцијата [
Face/Eye Prior. in AF] (Приоритет на лице/очи при AF) е поставена на [On] (Вклучено) или [Off] (Исклучено), функцијата [Eye AF] (AF на очи) можете да ја користете преку прилагодено копче со притискање на прилагоденото копче на коешто сте му ја доделиле функцијата [Eye AF] (AF на очи).
[Eye AF] (AF на очи) со прилагодено копче
Функцијата AF на очи може да се користи со доделување на [Eye AF] (AF на очи) на прилагодено копче. Фотоапаратот фокусира на очи с? додека го притискате копчето. Ова е корисно кога сакате привремено да ја примените функцијата AF за очи на целиот екран независно од поставките за функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина).
Фотоапаратот нема автоматски да фокусира ако не се открие лице или очи.
- MENU >
(Setup (Поставување)) > [Operation Customize] (Прилагоди операција) > [
Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче) или [
Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче) > сакано копче, а потоа доделете ја функцијата [Eye AF] (AF на очи) на тоа копче. - MENU >
(Focus (Фокусирање)) > [Face/Eye AF] (AF за лице/очи) > [
Face/Eye Subject] (Лице/очи на субјект) > [Human] (Човек). - Насочете го фотоапаратот кон човечко лице и притиснете го копчето на коешто сте му ја доделиле функцијата [Eye AF] (AF на очи).
За снимање фотографија, притиснете го копчето истовремено со копчето за бленда.
За фокусирање на очи кај животно или птица
Пред снимањето, поставете ја функцијата [
Face/Eye Subject] (Лице/очи на субјект) на [Animal] (Животно) или [Bird] (Птица).
Совет
- Поставувањето на функцијата [
Face/Eye Frame Disp.] (Приказ на рамка за лице/очи) на [On] (Вклучено) ја олеснува проверката на статусот на откривање лице или очи.
Забелешка
- Функцијата [Eye AF] (AF на очи) може да не е многу продуктивна во следниве ситуации:
- Кога личноста носи очила за сонце.
- Кога косата ги прекрива очите на личноста.
- Во услови на слаба осветленост или задно осветлување.
- Кога очите се затворени.
- Кога објектот е во сенка.
- Кога објектот не е во фокус.
- Кога објектот премногу се движи
- Ако фотоапаратот не може да фокусира очи, ќе открие и ќе фокусира лице. Фотоапаратот не може да фокусира очи ако не се откриени човечки лица.
- Во некои услови, фотоапаратот може воопшто да не открива лица или случајно да открие други објекти како лица.

