Користење на менито

Екранот на менито се прикажува со притискање на копчето MENU. Можете да ги промените поставките поврзани со сите операции на фотоапаратот, вклучувајќи снимање и репродукција, или можете да извршите функција од екранот на менито.

Слика од позицијата на копчето MENU и екранот на менито

(A) Картичка од менито

Картичките во менито се категоризираат според начинот на користење, како што е фотографирање, репродукција, мрежни поставки итн.

(B) Група од менито

Во секоја картичка, ставките од менито се групирани по функција.
Бројот доделен на групата е серискиот број на картичката. Погледнете го бројот за да ја одредите локацијата на групата што се користи.

(C) Ставка од менито

Изберете ја функцијата што сакате да ја поставите или извршите.

Совет

  • Името на избраната картичка или група се прикажува на горниот дел од екранот.
  • Кога функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) е поставена на [On] (Вклучено), на екранот на менито овозможено е ракување со допир.


Основни операции на екранот на менито

  1. Притиснете го копчето MENU за да се прикаже екранот на менито.
  2. Движете по гранките на менито и пронајдете ја саканата ставка од менито со притискање на горната/долната/левата/десната страна на контролното тркалце.
    • Прикажаните ставки од менито се помеѓу режимите за снимање фотографија и режимите за снимање филм.

      Слика на којашто се прикажува движењето по хиерархијата на менито

      (A) Картички од менито

      (B) Групи од менито

      (C) Ставки од менито

  3. Притиснете во средината на контролното тркалце за избор на ставка од менито.

    Екранот за поставување и екранот за извршување за избраната ставка ќе се појави на мониторот.

  4. Изберете параметар или извршете ја функцијата.
    • Ако сакате да ја откажете промената на параметарот, притиснете го копчето MENU и вратете се на претходниот екран.
  5. Притиснете го копчето MENU за да излезете од екранот на менито.

    Ќе се вратите на екранот за снимање или на екранот за репродукција.

Совет

  • Во картичката (Main (Главно)), можете да ја прегледате листата тековни поставки за снимање. Изберете ја вредноста на поставката за да ја отворите соодветната ставка од менито и да ја промените вредноста на поставката.
  • Екранот на менито може да го прикажете ако ја доделите функцијата [MENU] на некое од прилагодените копчиња со помош на функцијата [Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче) или [Custom Key/Dial Set.] (Прилагодување копче/вртливо копче), а потоа притиснете го тоа копче.


Врска помеѓу режимот на снимање и екранот на менито

Групите од менито и ставките од менито прикажани на картичките [Main] (Главно), [Shooting] (Снимање), [Exposure/Color] (Експозиција/Боја) и [Focus] (Фокусирање) се разликуваат во зависност од режимот за снимање.


Режими за снимање фотографија (AUTO/P/A/S/M)

  • Се прикажуваат ставки од менито за снимање фотографија.*

* Бидејќи со копчето REC (снимање) можете да снимате филм, дури и во режимот на снимање фотографија се прикажуваат некои основни ставки од менито за филм.


Режими за снимање филм ( /S&Q)

  • Се прикажуваат ставки од менито за снимање филм.

Икони што се користат во „Водичот за помош“

фотографија: Ставки од менито прикажани во режимите за снимање филмови (AUTO/P/A/S/M)

филм, забавенo и забрзано движењe: Ставки од менито прикажани во режимите за снимање филмови (Movie/S&Q (Филм/S&Q)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe: Ставки од менито прикажани и во режимите за снимање фотографија и режимите за снимање филм