Прикачување/отстранување објектив

Исклучете го фотоапаратот пред да го прикачите или отстраните објективот.

  1. Отстранете го капачето за телото (A) од фотоапаратот и задното капаче на објективот (B) од задниот дел на објективот.

    Слика што ги прикажува позициите на капачето за телото и задното капаче на објективот

    • Се препорачува да го прикачите предното капаче на објективот кога ќе завршите со снимањето.
  2. Прикачете го објективот откако ќе ги порамните двете бели индексни ознаки (индекси за монтирање) на објективот и фотоапаратот.

    • Држете го фотоапаратот со приклучокот за објективот завртен надолу за да спречите навлегување на прав и нечистотии во фотоапаратот.
  3. Внимателно притиснете го објективот кон фотоапаратот и почнете бавно да го вртите објективот во насока на стрелката сè додека не слушнете звук дека се заклучил во соодветна положба.

    Слика на којашто се прикажува како да го вртите објективот во правецот на стрелките на часовникот додека фотоапаратот е завртен кон вас

    • Не заборавајте, објективот држете го право кога го прикачувате.

За да го отстраните објективот

Продолжете да притискате на копчето за откачување на објективот (A) и вртете го објективот во правец на стрелката с? додека не застане.

Откако ќе го извадите објективот, прикачете го капачето за телото на фотоапаратот и капачињата за објективот на предната и задната страна од објективот за да спречите навлегување прашина и нечистотии во фотоапаратот и објективот.

Слика што ги прикажува позициите на копчето за откачување на објективот и како да го откачите објективот

Сенило за објектив

Препорачуваме да го користите сенилото за објективот за да спречите светлината надвор од рамката за снимање да влијае на сликата. Прикачете го сенилото за објектив така што индексите на објективот и сенилото да се порамнети.

(На некои објективи може да нема индекси за сенилото на објективот.)

Забелешка

  • При прикачување/отстранување на објективот, работете брзо на место без прашина.
  • Не притискајте на копчето за откачување на објективот кога го прикачувате објективот.
  • Не применувајте сила кога го прикачувате објективот.
  • Потребен ви е Mount Adaptor (адаптер за монтирање објективи) (се продава посебно) за да користите објективи со A-приклучок (се продава посебно). Ако користите Mount Adaptor (адаптер за монтирање објективи), погледнете во прирачникот за ракување доставен со адаптерот за монтирање објективи.
  • Кога користите објектив со приклучок за статив, во приклучокот прикачете статив за да помогнете при балансирање на тежината на објективот.
  • Кога го носите фотоапаратот со прикачен објектив треба цврсто да ги држите и фотоапаратот и објективот.
  • Не држете го делот од објективот што е издолжен заради зумирање или прилагодување на фокусот.
  • Правилно прикачете го сенилото за објектив. Во спротивно, сенилото за објектив може да нема никаков ефект или делумно да се рефлектира на сликата.