Program Auto (Автоматска програма)
Ви овозможува снимање со автоматски прилагодена експозиција (брзина на блендата и вредност на решетката).
Можете да поставите функции за снимање како [
ISO].-
Копче MODE (Режим) > [Program Auto] (Автоматска програма) > притиснете во средината на контролното тркалце.
-
Поставете ги функциите на снимање на саканите поставки.
-
Прилагодете го фокусот и снимете го објектот.
Program Shift (Промена на програма) (само при снимање фотографија)
Можете да ја промените комбинацијата на брзината на блендата и решетката (F-вредност) без да ја менувате соодветната експозиција поставена од фотоапаратот.
Свртете го предното/задното вртливо копче за да ја изберете комбинацијата на вредноста на решетката и брзината на блендата.
- „P“ на екранот се менува во „P*“ кога го вртите предното/задното вртливо копче.
- За да ја откажете промената на програма, режимот на снимање поставете го на режим различен од [Program Auto] (Автоматска програма), или исклучете го фотоапаратот.
Забелешка
- Префрлањето помеѓу програми можеби нема да може да се користи во зависност со осветленоста во околината.
- Поставете го режимот на снимање на режим различен од „P“ или исклучете го напојувањето за да се откаже поставката што ја избравте.
- Кога ќе се смени осветленоста се менуваат и решетката (F-вредност) и брзината на блендата, а се одржува префрлањето.

