File Settings (Поставки за датотека)

Конфигурирајте ги поставките за имињата на датотеките на снимените филмови.

  1. MENU > (Shooting (Снимање)) > [File] (Датотека) > [File Settings] (Поставки за датотека) > сакана ставка за поставување.

Детали за ставките на менито

File Number (Број на датотека):
Можете да поставите како да се доделуваат броеви на датотеките на филмовите.
[Series] (Серија): Не ги ресетира броевите на датотеките дури и ако мемориската картичка е сменета.
[Reset] (Ресетирај): Ги ресетира броевите на датотеките ако мемориската картичка е сменета.
Series Counter Reset (Ресетирај бројач на серија):
Го ресетира бројачот на серии кога ставката [File Number] (Број на датотека) е поставена на [Series] (Серија).
File Name Format (Формат на име на датотека):
Можете да го поставите форматот за имињата на датотеките на филмовите.
[Standard] (Стандарно): Името на датотеката на снимениот филм започнува со „C“. Пример: C0001
[Title] (Наслов): Насловот на датотеката на снимениот филм станува „Наслов+Број на датотека“.
[Date + Title] (Датум + Наслов): Насловот на датотеката на снимениот филм станува „Датум+Наслов+Број на датотека“.
[Title + Date] (Наслов + Датум): Насловот на датотеката на снимениот филм станува „Наслов+Датум+Број на датотека“.
Title Name Settings (Поставки за име на наслов):
Насловот можете да го поставите кога ставката [File Name Format] е поставена на [Title] (Наслов), [Date + Title] (Датум + Наслов), или [Title + Date] (Наслов + Датум).

Совет

  • Поставките за ставките [File Number] (Број на датотека) и [File Name Format] (Формат на име на датотека) се применуваат и на Влез 1 и на Влез 2.
  • Кога ставката [File Number] (Број на датотека) е поставена на опцијата [Series] (Серија), броевите на датотеките ќе се доделуваат последователно на мемориските картички во влезовите дури и ако ја префрлате поставката за функцијата [Rec. Media Settings] (Поставки за снимање медиуми) > [Recording Media] (Медиуми за снимање) помеѓу Влез 1 и 2.

Забелешка

  • За ставката [Title Name Settings] (Поставки за име на наслов) може да се внесуваат само алфанумерички знаци и симболи. Може да се внесат најмногу 37 знаци.
  • Насловите што се определени со помош на ставката [Title Name Settings] (Поставки за име на наслов) се применуваат само на филмовите снимени по поставувањето.
  • Не можете да поставите како да се доделуваат имињата на папки за филмовите.
  • Ако користите SDHC-мемориска картичка, поставката [File Name Format] (Формат на име на датотека) е заклучена на [Standard] (Стандардно).
  • Мемориската картичка може да не функционира правилно ако ја вметнете во друг уред додека ставката [File Name Format] (Формат на име на датотека) ? е поставена на едно од следниве.
    • [Title] (Наслов)
    • [Date + Title] (Датум + Наслов)
    • [Title + Date] (Наслов + Датум)
  • Ако има неискористени броеви поради бришење датотека, и сл., овие броеви повторно ќе се користат кога бројот на датотеката на филмот ќе достигне „9999“.