Drive Mode (Режим на придвижување)

фотографија

Изберете го соодветниот режим за субјектот, како што е единечно снимање, снимање со групирање или снимање со тајмер.

  1. MENU > (Shooting (Снимање)) > [Drive Mode] (Режим на придвижување) > [Drive Mode] (Режим на придвижување) > саканата поставка.

Детали за ставките на менито

Single Shooting (Единечно снимање):
Нормален режим на снимање.
Self-timer(Single) (Тајмер(Единечен)):
Ви овозможува да снимите слика со помош на тајмерот откако ќе измине предвидениот број секунди по притиснување на копчето за блендата.
Single Bracket (Единечно групирање):
Снима одреден број на слики, една по една, а секоја има различен степен на експозиција.
WB bracket (Групирање со WB):
Ви овозможува да снимите вкупно три слики, секоја со различни тонови на бои според избраните поставки за балансот на белата боја, температурата на боите и филтерот за боја.
DRO Bracket (DRO-групирање):
Ви овозможува да снимите вкупно три слики, секоја со различен степен од вредноста на оптимизаторот на D-опсег.