Lens Compensation (Компензација на објектив) (фотографија/филм)

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe

Компензира за засенчувањето по аглите на екранот или изобличувањето на екранот или го намалува отстапувањето на бојата по аглите на екранот предизвикано од одредени карактеристики на објективот.

  1. MENU > (Снимање) > [Image Quality/Rec] (Квалитет на слика/Снимање > [Lens Compensation] (Компензација на објектив) > сакана поставка.

Детали за ставките на менито

Shading Comp. (Компензација на засенчување):
Поставува дали автоматски да се компензира затемнувањето по аглите на екранот. ([Auto] (Автоматски)/[Off] (Исклучено))
Chromatic Aberration Comp. (Компензација на хроматска аберација):
Поставува дали автоматски да се намалува отстапувањето на бојата по аглите на екранот. ([Auto] (Автоматски)/[Off] (Исклучено))
Distortion Comp. (Компензација на изобличување):
Поставува дали автоматски да се компензира изобличувањето на екранот. ([Auto] (Автоматски)/[Off] (Исклучено))
Breathing Comp. (Компензација за промени во фокусна должина) (само при снимање филмови):
Поставува дали автоматски да се компензира феноменот во кој аголот на гледање се менува според фокусното растојание при снимање филм. ([On] (Вклучено)/[Off] (Исклучено))

Забелешка

  • Функцијата е достапна само кога користите објектив усогласен за автоматска компензација.
  • Затемнувањето по аглите на екранот може да не се коригира со [Shading Comp.] (Компензација на засенчување), во зависност од видот на објективот.
  • Во зависност од објективот што е прикачен, функцијата [Distortion Comp.] (Компензација на изобличување) се фиксира на поставката [Auto] (Автоматски) и не можете да ја изберете опцијата [Off] (Исклучено).
  • Ако функцијата [SteadyShot] е поставена на [Active] (Активно) во режим на снимање филм, функцијата [Distortion Comp.] (Компензација на изобличување) ќе се заклучи на поставката [Auto] (Автоматски).
  • Кога функцијата [Breathing Comp.] (Компензација за промени во фокусна должина) е поставена на опцијата [On], аголот на гледање и квалитетот на сликата се менуваат во одредена мера.
  • Во зависност од објективот, промените во аголот на гледање може да не се компензираат целосно ни дури и кога функцијата [Breathing Comp.] (Компензација за промени во фокусна должина) е поставена на опцијата [On] (Вклучено).