Pixel Mapping (Мапирање на пиксели)

Можете рачно да го оптимизирате сензорот за слика (мапирање на пиксели). Редовно вршете ја операцијата [Pixel Mapping] (Мапирање на пиксели) следејќи ја следната процедура. Препорачуваме операцијата да ја вршите еднаш на секои три дена.

  1. MENU > (Setup (Поставување)) > [Setup Option] (Опција за поставување) > изберете [Pixel Mapping] (Мапирање на пиксели).
  2. Прикачете го капачето на објективот.
    • Не заборавајте да го прикачите капачето на објективот.
  3. Изберете [OK] на екранот за потврда.

    Ќе се изврши мапирање на пикселите.

    • Со фотоапаратот не може да се ракува за време на мапирањето на пикселите.
    • Фотоапаратот ќе се рестартира кога мапирањето на пикселите ќе заврши.

Совет

  • Кога го вклучувате фотоапаратот, понекогаш се прикажува порака да извршите мапирање на пикселите. Ако се прикаже пораката, извршете [Pixel Mapping] (Мапирање на пиксели).
  • Ако на снимената слика на мониторот на фотоапаратот видите бели точки, веднаш извршете [Pixel Mapping] (Мапирање на пиксели).

Забелешка

  • Мапирање на пикселите не може да се врши кога батеријата е празна.
  • Ако операцијата [Pixel Mapping] (Мапирање на пиксели) не се врши редовно, на снимените слики може да се појават бели точки.