Забелешки за мемориската картичка
- Ако на екранот се прикаже иконата
(предупредување за прегревање), не мора веднаш да ја отстраните мемориската картичка. Наместо тоа, почекајте малку откако ќе го исклучите фотоапаратот, а потоа отстранете ја мемориската картичка. Ако ја допрете мемориската картичка додека е топла, можно е да ја испуштите од раце и да ја оштетите. Бидете внимателни кога ја отстранувате мемориската картичка. - Ако постојано снимате и бришете слики за подолг временски период, може да се појави фрагментација на податоците во датотека и филмската снимка може да се прекини во средината на снимката. Во таков случај, зачувајте ги сликите на компјутер или друго место за складирање, а потоа извршете [Format] (Форматирај) со помош на фотоапаратот.
- Не отстранувајте го комплетот батерии или мемориската картичка, не исклучувајте го USB-кабелот или фотоапаратот додека свети лампата за пристап. Може да предизвика податоците на мемориската картичка да се оштетат.
- Направете резервна копија на податоците за заштита.
- Не се гарантира дека сите мемориски картички правилно работат.
- Сликите снимени на мемориска картичка SDXC/CFexpress Type A не може да се увезуваат или да се репродуцираат на компјутери или AV-уреди што не се компатибилни со exFAT кога се поврзуваат со помош на USB-кабел. Проверете дали уредот е компатибилен со exFAT пред да го поврзете на производот. Ако го поврзете производот на уред којшто не е компатибилен, можно е да бидете опоменати да ја форматирате картичката. Никогаш не форматирајте ја картичката како одговор на ваква опомена, бидејќи тоа ќе ги избрише сите податоци од картичката.
(exFAT е датотечен систем што се користи на SDXC-мемориските картички или мемориските картички CFexpress Type A.) - Не изложувајте ја мемориската картичка на вода.
- Не удирајте, не виткајте и не испуштајте ја мемориската картичка.
- Не користете и не складирајте ја мемориската картичка под следните услови:
- локации со висока температура, како автомобил што е паркиран на сонцето;
- локации што се изложени на директна сончева светлина;
- влажни локации или локации каде што се присутни корозивни супстанции.
- Ако мемориската картичка се користи во близина на места со силна магнетизација или на локации подложни на статички електрицитет или електричен шум, податоците на мемориската картичка може да се оштетат.
- Не допирајте го делот за приклучок на мемориската картичка со рака или метален објект.
- Не оставајте ја мемориската картичка во дофатот на мали деца. Може случајно да ја проголтаат.
- Не расклопувајте и не изменувајте ја мемориската картичка.
- Мемориската картичка може да е жешка ако е користена подолго време. Бидете внимателни кога ја држите.
- Не е гарантирана работата на мемориската картичка што е форматирана со компјутер со производот. Не заборавајте да ја форматирате мемориската картичка со помош на овој производ.
- Брзините за читање/пишување се разликуваат зависно од комбинацијата на мемориска картичка и опремата што се користат.
- Не притискајте силно кога пишувате во просторот за белешки на мемориската картичка.
- Не прикачувајте ознака на мемориската картичка ниту на адаптерот за мемориски картички. Можеби нема да можете да ја отстраните мемориската картичка.
- Ако преклопникот за заштита од пишување или преклопникот за заштита од бришење на SD-мемориска картичка е поставен на позиција LOCK, не можете да снимате или бришете слики. Во тој случај, поставете го преклопникот на позицијата за снимање.
- За користење microSD-мемориска картичка со производот:
- Не заборавајте мемориската картичка да ја вметнете во наменски адаптер. Ако вметнете мемориска картичка во производот без адаптер за мемориска картичка, можеби нема да можете да ја отстраните од производот.
- Кога вметнувате мемориска картичка во адаптер за мемориски картички, бидете сигурни дека ја вметнувате мемориската картичка во правилната насока, а потоа вметнете ја до крај. Ако картичката не е правилно вметната, тоа може да резултира со дефект.

