Како да го користите „Водичот за помош“

„Водичот за помош“ е „Упатство за користење на интернет“, дизајниран да ги опише функциите и методите на користење на овој фотоапарат. Користете го „Водичот за помош“ за да пребарувате какви било информации потребни за целосно да го искористите фотоапаратот.
(Екраните од „Водичот за помош“ прикажани на оваа страница имаат само информативна намена. Може да се разликуваат од вистинскиот приказ на екранот на вашиот модел.)

Совет

  • „Водичот за запознавање“ испорачан со фотоапаратот ги опишува основните методи на користење и мерки на претпазливост при употреба. Погледнете го „Водичот за запознавање“ во комбинација со овој „Водич за помош“.

Икони што се користат во „Водичот за помош“

фотографија: Ставки од менито прикажани во режимите за снимање фотографии

филм, забавенo и забрзано движењe: Ставки од менито прикажани во режимите за снимање филм и режимите за снимање бавни движења/брзи движења

фотографија, филм, забавенo и забрзано движењe: Ставки од менито прикажани во сите режими за снимање фотографии, режимите за снимање филм, или режимите за снимање забавени движења/брзи движења

За повеќе информации во врска со одделните режими на снимање, погледнете во „Користење на мени“.

Пронаоѓање на посакуваните информации

Метод A: Пребарување по клучен збор

Внесете збор за пребарување („баланс на белата боја“, „фокусна површина“ итн.) и употребете ги резултатите од пребарувањето за да ја прикажете страницата со описот што го барате. Ако внесете два или повеќе клучни зборови раздвоени со празни места (празнини), можете да пребарувате страници што ги содржат сите тие клучни зборови.


Метод Б: Преглед на табелата со содржини

Изберете наслов од табелата со содржини за да се прикаже страницата со опис.

Екран прикажан на компјутер

Слика од „Водичот за помош“ прикажан на екран на компјутер

Екран прикажан на паметен телефон

Слика од „Водичот за помош“ прикажан на екран на паметен телефон


Метод В: Наоѓање на функциите во MENU

Ако сакате да барате информации додека ги проверувате на екранот MENU на фотоапаратот, користете ја страницата „Наоѓање на функциите во MENU”. Изберете ставка MENU од списокот за да отидете директно на страницата со опис.

Преглед на информации за поврзани функции

„Поврзана тема“ на дното на секоја страница наведува делови што содржат информации поврзани со страницата со опис што тековно се прикажува. За подобро разбирање на страницата што тековно се прикажува, погледнете ги и наведените делови.

Печатење на сите страници од „Водичот за помош“

За да ги отпечатите сите страници, изберете го копчето [ PDF-документ што може да се печати] во горниот десен агол на горната страница. Кога ќе се појави PDF-датотеката, за да ја отпечатите употребете го менито за печатење на пребарувачот.

Опцијата не е достапна за одредени јазици.

Печатење само на страницата што тековно се прикажува (само на компјутер)

За да ја отпечатите само страницата што тековно се прикажува, изберете го копчето [ Печатење] во горниот дел од страницата. Кога ќе се појави екранот за печатење, наведете го печатарот.