Функции за прилагодување на фотоапаратот
Фотоапаратот има повеќе функции за прилагодување, како што се регистрација на функции и поставки за снимање на прилагодени копчиња. Можете да ги комбинирате поставките што ги претпочитате за да го прилагодите фотоапаратот за полесно ракување.
За повеќе информации како да ги конфигурирате и да ги користите поставките, погледнете ја страницата за секоја од функциите.
За доделување често користени функции на копчињата (
Custom Key/Dial Set. (Прилагодување копче/вртливо копче),
Custom Key/Dial Set. (Прилагодување копче/вртливо копче) и
Custom Key Setting (Поставки за прилагодено копче))
Можете да ги менувате функциите на копчињата вклучувајќи ги и прилагодените копчиња (1 до 6), согласно вашите потреби. Се препорачува да им доделите често користени функции на копчиња што се лесни за ракување за да можете доделените функции да ги повикате со едноставно притискање на соодветното копче.

За регистрирање често користени функции на копчето Fn (Мени со функции)
Ако ги регистрирате често користените функции во режимот за снимање во менито за функции, регистрираните функции можете да ги прикажете на екранот со едноставно притискање на копчето Fn (Функција). На екранот од менито за функции, со избирање на иконите можете да ја повикате функцијата што сакате да ја користите.

За комбинирање на често користените функции на екранот на менито (
Мое мени)
Ако ги комбинирате често користените ставки од менијата како што се менито за снимање и менито за мрежа на екранот „Мое мени“, можете брзо да пристапите до саканите ставки од менито.

За доделувањето различни функции на вртливото копче и менување на функцијата на вртливото копче (
Поставки за Мое вртливо копче)
Можете да ги доделите саканите функции на предното/задното вртливо копче и на контролното тркалце, како и да регистрирате до три комбинации на поставки на фотоапаратот како поставки „Мое вртливо копче 1 - 3“.

Пример: Екранот [My Dial Settings] (Поставки за мое вртливо копче) кај моделите со предно вртливо копче, L (лево) задно вртливо копче и R (десно) задно вртливо копче
За брза промена на поставките за снимање како што наложува сцената (
Camera Set. Memory (Меморија на поставки на фотоапарат))
Можете да ги регистрирате соодветните поставки за снимање* за сцена на фотоапарат или мемориска картичка и лесно да ги повикате поставките со користење на копчето MODE (Режим).
* Не можете да регистрирате поставки за прилагодено копче.
За зачувување на прилагодените поставки на фотоапаратот на мемориска картичка (Save/Load Settings (Зачувај/Вчитај поставки))
Може да ги зачувате поставките за фотоапаратот* на мемориска картичка преку [Save/Load Settings] (Зачувај/Вчитај поставки). Функцијата е корисна кога сакате да направите резервна копија од поставките, или да ги увезете на друг фотоапарат од истиот модел, итн.
* Некои поставки не може да се зачуваат на мемориска картичка.

