Лева и десна страна

Слика од фотоапаратот странично

Слика од фотоапаратот странично

  1. Куки за лентата за на рамо (се продава посебно)
  2. Отвор за прикачување галантерија

    Поддржува завртки 1/4-20 UNC

    Користете галантерија со завртка пократка од 5,5 мм (7/32 инчи). Во спротивно, нема да можете да ја прицврстите галантеријата и можно е да дојде до оштетување на фотоапаратот.

  3. Приклучок HDMI Type-A
  4. Антена за WLAN (вградена)

    Комуникацијата преку Wi-Fi може да се блокира ако го покриете овој дел со раката, итн.

  5. Копче (микрофон)

    Ако приклучите надворешен микрофон, вградениот микрофон и XLR-рачката (само за ILME-FX30) автоматски се исклучуваат. Ако на надворешниот микрофон не му треба надворешен извор на напојување, тогаш тој се напојува преку фотоапаратот.

  6. Приклучок (слушалки)
  7. Приклучок USB Type-C
  8. Светилка за полнење
  9. Повеќенаменски/микро USB-приклучок

    Овој приклучок поддржува уреди компатибилни со микро USB.

  10. Одвод за вентилација

    Не користете го фотоапаратот допирајќи ја површината околу одводот за вентилација долго време. Тоа може да предизвика изгореници од ниски температури.

  11. SLOT 1 (Влез за мемориска картичка 1)
  12. SLOT 2 (Влез за мемориска картичка 2)


Забелешки за USB-приклучоците

Приклучокот за USB Type-C или повеќенаменскиот/микро USB-приклучок може да ги користите за комуникација преку USB. Меѓутоа, комуникацијата преку USB не може да се одвива преку двата приклучока истовремено. Користете го приклучокот USB Type-C за напојување и полнење на комплетот батерии. Овој фотоапарат не може да се напојува преку повеќенаменски/микро USB-приклучок.

  • Може да користите галантерија преку повеќенаменскиот/микро USB-приклучок, како далечински управувач (се продава посебно), додека го користите приклучокот USB Type-C за напојување на фотоапаратот или за снимање далечински преку компјутер.


Забелешки за капакот на приклучоците

Проверете дали пред употреба капакот на приклучоците е затворен.