Bluetooth Rmt Ctrl (Далечинска контрола преку Bluetooth)

Со фотоапаратот можете да ракувате со помош на далечински управувач (се продава посебно) или држач за снимање (се продава посебно) компатибилни со Bluetooth.

  1. На фотоапаратот изберете MENU > (Network (Мрежа)) > [Bluetooth] > [Bluetooth Function] (Функција Bluetooth) > [On] (Вклучено).
  2. На фотоапаратот изберете MENU > (Network (Мрежа)) > [Transfer/Remote] (Пренос/Далечински) > [Bluetooth Rmt Ctrl] (Далечинска контрола преку Bluetooth) > [On] (Вклучено).
    • Ако во моментот фотоапаратот не е впарен со уред со Bluetooth, ќе се појави екранот за впарување како што е опишано во Чекор 3.
  3. На фотоапаратот изберете MENU > (Network (Мрежа)) > [Bluetooth] > [Pairing] (Впарување) за да се прикаже екранот за впарување.
  4. Извршете го впарувањето на далечинскиот управувач со Bluetooth.
    • За повеќе информации, погледнете во упатството за користење на далечинскиот управувач со Bluetooth.
  5. На фотоапаратот, на екранот за потврда изберете [OK] за поврзување преку Bluetooth.
    • Впарувањето е завршено и сега можете да ракувате со фотоапаратот преку далечинскиот управувач со Bluetooth. Откако еднаш ќе го впарите уредот, во иднина повторно можете да ги поврзувате фотоапаратот и далечинскиот управувач со Bluetooth поставување на функцијата [Bluetooth Rmt Ctrl] (Далечинска контрола преку Bluetooth) на [On] (Вклучено).

Детали за ставките на менито

On (Вклучено):
Овозможува ракување преку далечинскиот управувач со Bluetooth.
Off (Исклучено):
Оневозможува ракување преку далечинскиот управувач со Bluetooth.


Икони што се прикажуваат кога се поврзувате преку далечински управувач со Bluetooth

(Bluetooth-врската е достапна): Воспоставена е Bluetooth-врска со далечинскиот управувач со Bluetooth.

(Bluetooth-врската е недостапна): Не е воспоставена Bluetooth-врска со далечинскиот управувач со Bluetooth.

Совет

  • Bluetooth-врската е активна само додека ракувате со фотоапаратот со помош на далечински управувач со Bluetooth.

Забелешка

  • Кога го иницијализирате фотоапаратот, ќе се избришат и информациите за впарувањето. За да го користите далечинскиот управувач со Bluetooth, повторно извршете впарување.
  • Ако Bluetooth-врската е нестабилна, отстранете ги сите пречки, како што се луѓето или металните предмети помеѓу фотоапаратот и впарениот далечински управувач со Bluetooth.
  • Следниве функции не може да се користат кога функцијата [Bluetooth Rmt Ctrl] (Далечинска контрола преку Bluetooth) е поставена на [On] (Вклучено).
    • Режим за заштеда на енергија
  • Ако функцијата не работи правилно, проверете ги следните забелешки и повторно обидете се да го впарите.
    • Фотоапаратот не треба да биде поврзан со друг уред или треба да биде поврзан само со еден уред што користи Bluetooth-комуникација. (Со фотоапаратот може истовремено да се поврзат најмногу 2 уреда.)
    • Потврдете дека функцијата [Airplane Mode] (Авионски режим) на фотоапаратот е поставена на [Off] (Исклучено).
    • Ако функцијата не работи правилно дури и откако ќе ги извршите горенаведените операции, избришете ги информациите за впарување на уредот што сакате да го поврзете со помош на функцијата [Manage Paired Device] (Управувај со впарен уред) на фотоапаратот.