Cnct. while Power OFF (Поврзување на исклучен фотоапарат) (паметен телефон)
Ви овозможува да поставите дали да се прифаќаат Bluetooth-врски од паметен телефон додека фотоапаратот е исклучен. Кога функцијата [
Cnct. while Power OFF] (Поврзување на исклучен фотоапарат) е поставена на [On] (Вклучено), можете да прелистувате слики на мемориската картичка во фотоапаратот и да пренесувате слики од фотоапаратот во паметен телефон со користење на паметниот телефон.
- MENU >
(Network (Мрежа)) > [Smartphone Connect] (Поврзување паметен телефон) > [
Cnct. while Power OFF] (Поврзување на исклучен фотоапарат) > саканата поставка.
Детали за ставките на менито
- On (Вклучено):
- Се прифаќаат Bluetooth-врски од паметен телефон додека фотоапаратот е исклучен.
Нивото на батеријата постепено се намалува додека фотоапаратот е исклучен. Ако не сакате да ја користите функцијата [
Cnct. while Power OFF] (Поврзување на исклучен фотоапарат), исклучете ја. - Off (Исклучено):
- Не се прифаќаат Bluetooth-врски од паметен телефон додека фотоапаратот е исклучен.
Како да прелистувате/пренесувате слики на паметниот телефон
Погледнете во „Впарување на фотоапаратот со паметен телефон (Smartphone Regist. (Регистрирање паметен телефон))” за однапред да ги впарите фотоапаратот и паметниот телефон.
- Поставете ја функцијата [
Cnct. while Power OFF] (Поврзување на исклучен фотоапарат) на [On] (Вклучено). - Исклучете го фотоапаратот.
- Стартувајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile на паметниот телефон.
- Изберете [View and Import] (Прикажи и увези) на паметниот телефон.
- Сликите зачувани на мемориската картичка во фотоапаратот може да се прикажат и се подготвени за пренос.
Забелешка
- Ако не го користите паметниот телефон одреден временски период, Bluetooth-врската ќе се деактивира. Повторно изберете [View and Import] (Прикажи и увези) на паметниот телефон.
- Кога фотоапаратот е вклучен, тој ќе се префрли на екранот за снимање и врската со паметниот телефон ќе се прекине.
- Функцијата [
Cnct. while Power OFF] (Поврзување при исклучен фотоапарат) ќе се постави на [Off] (Исклучено) ако го откажете впарувањето помеѓу фотоапаратот и паметниот телефон или ако впарувањето не успее. - Ако функцијата не работи правилно, проверете ги следните забелешки и повторно обидете се да го впарите.
- Фотоапаратот не треба да биде поврзан со друг уред или треба да биде поврзан само со еден уред што користи Bluetooth-комуникација. (Со фотоапаратот може истовремено да се поврзат најмногу 2 уреда.)
- Потврдете дека функцијата [Airplane Mode] (Авионски режим) на фотоапаратот е поставена на [Off] (Исклучено).
- Ако функцијата не работи правилно дури и откако ќе ги извршите горенаведените операции, избришете ги информациите за впарување на уредот што сакате да го поврзете со помош на функцијата [Manage Paired Device] (Управувај со впарен уред) на фотоапаратот.

