Читање на информации за локација од паметен телефон
Можете да ја користите апликацијата Imaging Edge Mobile за да добиете информации за локацијата од паметен телефон што е поврзан со вашиот фотоапарат преку Bluetooth-комуникација. Можете да ги вметнете добиените информации за локацијата кога снимате слики.
Погледнете во „Впарување на фотоапаратот со паметен телефон (Smartphone Regist. (Регистрирање паметен телефон))” за однапред да ги впарите фотоапаратот и паметниот телефон.
-
Стартувајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile на паметниот телефон и допрете [Setup] (Поставување) > [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација).
-
Активирајте ја функцијата [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација) на екранот за поставување [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација) во Imaging Edge Mobile.
(икона за добивање информации за локација) ќе се прикаже на екранот на фотоапаратот. Информациите за локација што ги добива вашиот паметен телефон преку GPS итн., ќе бидат вметнати при снимање слики.- Кога ќе активирате [Auto Time Correction] (Автоматска корекција на време) или [Auto Area Adjustment] (Автоматско прилагодување на област) на поврзан паметен телефон, фотоапаратот автоматски ја коригира поставката за датум или област со помош на информациите од паметниот телефон.
Икони што се прикажуваат при добивање информации за локацијата
(Добивање информации за локација): фотоапаратот добива информации за локацијата.
(Не може да се добијат информации за локација): фотоапаратот не може да добие информации за локацијата.
Совет
- Информациите за локацијата може да се поврзат кога Imaging Edge Mobile работи на паметниот телефон, дури и ако екранот на паметниот телефон е исклучен. Меѓутоа, ако фотоапаратот е исклучен одредено време, информациите за локацијата може да не се поврзат веднаш кога ќе го вклучите фотоапаратот. Во тој случај, информациите за локацијата веднаш ќе се поврзат ако го отворите екранот на Imaging Edge Mobile на паметниот телефон.
- Кога Imaging Edge Mobile не работи, како на пример кога се рестартира паметниот телефон, стартувајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile за да продолжи поврзувањето на информациите за локацијата.
- Ако функцијата за поврзување информации за локацијата не работи правилно, погледнете ги следните белешки и повторно извршете впарување.
- Проверете дали функцијата Bluetooth на вашиот паметен телефон е активирана.
- Фотоапаратот не треба да биде поврзан со друг уред или треба да биде поврзан само со еден уред што користи Bluetooth-комуникација. (Со фотоапаратот може истовремено да се поврзат најмногу 2 уреда.)
- Потврдете дека функцијата [Airplane Mode] (Авионски режим) на фотоапаратот е поставена на [Off] (Исклучено).
- Избришете ги информациите за впарување на фотоапаратот регистрирани во Imaging Edge Mobile.
- Избришете ги информациите за впарување на фотоапаратот регистрирани во поставките за Bluetooth на вашиот паметен телефон.
- Избришете ги информациите за впарување на вашиот паметен телефон регистрирани во [Manage Paired Device] (Управувај со впарен уред) на фотоапаратот.
-
Подетални инструкции побарајте на следната страница за поддршка.
Забелешка
- Кога го иницијализирате фотоапаратот, ќе се избришат и информациите за впарувањето. Пред повторно да извршите впарување, прво избришете ги информациите за впарување на фотоапаратот регистрирани во поставките за Bluetooth на паметниот телефон и во Imaging Edge Mobile.
- Информациите за локацијата нема да се вметнат кога не може да се добијат, како на пример кога е прекината Bluetooth-врската.
- Фотоапаратот може да се поврзе со најмногу 15 Bluetooth-уреди, но може да ги поврзе информациите за локацијата со информациите на само еден паметен телефон. Ако сакате да ги поврзете информациите за локацијата со информациите на друг паметен телефон, исклучете ја функцијата [Location Information Linkage] (Поврзување информации за локација) од [Setup] (Поставување) во Imaging Edge Mobile на паметниот телефон што е веќе поврзан.
- Ако Bluetooth-врската е нестабилна, отстранете ги сите пречки, како што се луѓето или металните предмети помеѓу фотоапаратот и впарениот паметен телефон.
- Растојанието за комуникација за Bluetooth-врската или Wi-Fi може да се разликува во зависност од условите на користење.
Поддржани паметни телефони
Најнови информации побарајте на страницата за поддршка.
- За подетални информации за верзиите на Bluetooth компатибилни со вашиот паметен телефон, погледнете го веб-сајтот за производи.

