Репродукција на филмови

Ги репродуцира снимените филмови.

  1. Изберете го влезот од мемориската картичка од којашто ќе се репродуцираат содржините со помош на функцијата MENU > (Playback (Репродукција)) > [Playback Target] (Цел на репродукција) > [Select Playback Media] (Избор на медиуми за репродукција).
  2. Притиснете го копчето (репродукција) за да се префрлите во режимот за репродукција.
  3. Со помош на контролното тркалце изберете го филмот којшто ќе се репродуцира и притиснете во средината на контролното тркалце за да започне репродукцијата.

Достапни операции за време на репродукција на филм

Со притискање на долната страна на контролното тркалце, може да изведете бавна репродукција и прилагодување на јачината на звукот и сл.

  • : Репродукција
  • : Пауза
  • : Брзо премотување нанапред
  • : Брзо премотување наназад
  • : Бавна репродукција нанапред
  • : Бавна репродукција наназад
  • : Следна датотека за филм
  • : Претходна датотека за филм
  • : Го прикажува следниот кадар
  • : Го прикажува претходниот кадар
  • : Снимање фотографија
  • : Прилагодување на јачината на звукот
  • : Го затвора панелот за ракување

Совет

  • Производот создава датотека со база на податоци на сликите на мемориската картичка, за да ги снима и репродуцира сликите. Слика којашто не е регистрирана во датотеката со базата на податоци на сликите, може да не се репродуцира правилно. За да репродуцирате слики снимени со други уреди, регистрирајте ги тие слики во датотеката на базата на податоци за слики со помош на функцијата MENU > (Shooting (Снимање)) > [Media] (Медиуми) > [Recover Image DB] (Обнови база на податоци за слики).
  • „Бавна репродукција напред“, „Бавна репродукција назад“, „Го прикажува следниот кадар“ и „Го прикажува претходниот кадар“ се достапни за време на пауза.
  • Датотеките за филм снимени со други производи може да не се репродуцираат на овој фотоапарат.
  • Кај филмовите со ознаки за снимки, позицијата на ознаките за снимки се прикажува на лентата за репродукција при репродукцијата. Исто така, иконата за ознаките за снимки се прикажува на екранот кога се репродуцира сцена за која е додадена ознака за снимка.
  • Можете да прескокнете до позициите на ознаките за снимки со вртење на задното вртливо копче додека филмот е паузиран.

Забелешка

  • Дури и ако филмот го снимате вертикално, тој на екранот на фотоапаратот ќе се репродуцира хоризонтално.