Репродуцирање на фотографии
Ги репродуцира снимените слики.
-
Изберете ја функцијата MENU >
(Playback (Репродукција)) > [Playback Target] (Цел на репродукција)) > [Select Playback Media] (Избор на медиуми за репродукција) за да избор на влезот за мемориска картичка од каде ќе се репродуцираат содржините. -
Притиснете го копчето
(репродукција) за да се префрлите во режимот за репродукција. -
Изберете ја сликата со помош на контролното тркалце.
- Сликите снимени со функцијата снимање во интервали ќе се прикажат во една група. За репродукција на сликите од групата, притиснете во средината на контролното тркалце.
Совет
- Производот создава датотека со база на податоци на сликите на мемориската картичка, за да ги снима и репродуцира сликите. Слика којашто не е регистрирана во датотеката со базата на податоци на сликите, може да не се репродуцира правилно. За да репродуцирате слики снимени со други уреди, регистрирајте ги тие слики во датотеката на базата на податоци за слики со помош на функцијата MENU >
(Shooting (Снимање)) > [Media] (Медиуми) > [
Recover Image DB] (Обнови база на податоци за слики). - Ако ги репродуцирате сликите веднаш по континуираното фотографирање, мониторот може да прикаже икона што покажува дека се запишуваат податоци/бројот на преостанати слики што може да се запишат. За време на запишувањето, некои од функциите не се достапни.
- Кога функцијата [
Focus Frame Display] (Приказ на рамка за фокусирање) е поставена на [On] (Вклучено), рамката за фокусирање што се користела при снимањето се прикажува врз сликите што се репродуцираат. Рамката за фокусирање што фотоапаратот ја користел за фокусирање при снимањето се прикажува во зелена боја. Дури и ако при снимањето се прикажуваат повеќе рамки за фокусирање, при репродукцијата ќе се прикаже само онаа рамка во којашто фотоапаратот се фокусирал при снимањето.

