Избор на фокусна површина (Focus Area (Фокусна површина))

Поставете го типот на рамка за фокусирање кога снимате со автоматски фокус. Изберете го режимот според објектот.
- MENU >
(Фокусирање) > [Focus Area] (Фокусна површина) > [
Focus Area] (Фокусна површина) > сакана поставка.
Детали за ставките на менито
Wide (Широк):- Автоматски го фокусира објектот и ја опфаќа целата површина на екранот. Ако го притиснете копчето за блендата до половина кога е избран режимот за снимање фотографија, околу површината што е во фокус ќе се прикаже зелена рамка.
Zone (Зона):- На мониторот изберете зона за фокусирање и производот автоматски ќе избере фокусна површина.
Center Fix (Централно фиксирање):- Автоматски го фокусира објектот во средината на сликата. Користете ја оваа опција заедно со функцијата за заклучување на фокусот за да ја создадете саканата композиција.
Spot: S (Точка: S)/Spot: M (Точка: M)/Spot: L (Точка: L):- Овозможува да ја поместите рамката за фокусирање во саканата точка на екранот и да фокусирате екстремно мал субјект во мала површина.
Expand Spot (Прошири точка):- Ако производот не може да фокусира во една избрана точка, тогаш користи повеќе фокусни точки околу [Spot] (Точка) како површина со секундарен приоритет за фокусирање.
Tracking (Следење):- Оваа поставка е достапна само кога функцијата [
Focus Mode] (Режим на фокусирање) е поставена на [Continuous AF] (Континуиран AF). Ако го притиснете и задржите копчето за блендата до половина, производот ќе го следи објектот во рамките на избраната површина за автоматско фокусирање. Насочете го курсорот кон функцијата [Tracking] (Следење) на екранот за поставување за функцијата [
Focus Area], а потоа изберете ја саканата површина за да започнете со следење со помош на левата/десната страна на контролното тркалце. Исто така, можете да ја поместите почетната површина за следење во точка по ваша желба со тоа што ќе ја означите таа површина како [Tracking: Zone] (Следење: Зона), [Tracking: Spot S] (Следење: Точка S)/[Tracking: Spot M] (Следење: Точка M)/[Tracking: Spot L] (Следење: Точка L) или [Tracking: Expand Spot] (Следење: Прошири точка).
Забелешка
- Функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) е заклучена на опцијата [Wide] (Широко) во следните случаи:- [Intelligent Auto] (Интелигентен автоматски режим)
- Фокусната површина може да не засвети кога целосно ќе го притиснете копчето за блендата.
- Кога режимот на снимање е поставен на [Movie] (Филм) или [S&Q Motion] (Забавени и забрзани движења) или при снимање филм, не може да се избере опцијата [Tracking] (Следење) за функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина).
Примери за приказ на рамката за фокусирање
Погледнете како може да изгледа рамката за фокусирање.
Кога фокусирате на поголема површина

Кога фокусирате на помала површина

- Кога функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) е поставена на [Wide] (Широко) или [Zone] (Зона), во зависност од објектот или ситуацијата, рамката за фокусирање може да префрла помеѓу „Кога фокусирате на поголема површина“ и „Кога фокусирате на помала површина“. - Кога ќе прикачите објектив со A-приклучок преку адаптер за монтирање објективи (LA-EA3 или LA-EA5) (се продава посебно), може да се прикаже рамката за фокусирање за ситуациите „Кога фокусирате на помала површина“.
Кога фокусот се постигнува автоматски врз основа на целиот опсег на мониторот

- Кога користите функција за зумирање различна од оптички зум, опцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) е оневозможена, а рамката за фокусирање се прикажува со испрекината линија. Автоматското фокусирање работи со вклучен приоритет и околу средишната област.
За поместување на фокусната површина
- Можете да ја поместувате фокусната површина со притискање на навигациското копче за избор кога функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) е поставена на следните параметри:- [Zone] (Зона)
- [Spot: S] (Точка: S)/[Spot: M] (Точка: M)/[Spot: L] (Точка: L)
- [Expand Spot] (Прошири точка)
- [Tracking: Zone] (Следење: Зона)
- [Tracking: Spot S] (Следење: Точка S)/[Tracking: Spot M] (Следење: Точка M)/[Tracking: Spot L] (Следење: Точка L)
- [Tracking: Expand Spot] (Следење: Прошири точка)
Ако функцијата [Focus Standard] (Стандарден фокус) однапред ја доделите на средината на навигациското копче за избор, ќе можете да ја поместите рамката за фокусирање назад во центарот на екранот со притиснување во средината на навигациското копче за избор.
Совет
- Ако функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) е поставена на опциите [Spot] (Точка) или [Expand Spot] (Прошири точка), со навигациското копче за избор можете да ја поместувате рамката за фокусирање на поголемо растојание преку поставување на функцијата [
AF Frame Move Amt] (Поместување на рамка за AF) на опцијата [Large] (Големо). - Рамката за фокусирање може брзо да ја поместувате со допирање и влечење по мониторот. Поставете ја функцијата [Touch Operation] (Ракување со допир) на [On] (Вклучено) и однапред поставете ја функцијата [Touch Func. in Shooting] (Ракување со допир при снимање) на [Touch Focus] (Фокусирање со допир).
За привремено следење на објектот при снимање фотографија (Tracking On (Вклучено следење))
Поставките за функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) можете привремено да ги промените во опцијата [Tracking] (Следење) доколку го притиснете и задржите до половина прилагоденото копче на коешто претходно сте му ја доделиле функцијата [Tracking On] (Вклучено следење). Поставките што функцијата [
Focus Area] (Фокусна површина) ги имала пред да ја активирате функцијата [Tracking On] (Вклучено следење) ќе се префрлат на еквивалентна поставка од функцијата [Tracking] (Следење).На пример:
Функцијата [ Focus Area] (Фокусна површина) пред да ја активирате функцијата [Tracking On] (Вклучено следење) |
Функцијата [ Focus Area] (Фокусна површина) додека е активна функцијата [Tracking On] (Вклучено следење) |
|---|---|
| [Wide] (Широко) | [Tracking: Wide] (Следење: Широко) |
| [Spot: S] (Точка: S) | [Tracking: Spot S] (Следење: Точка S) |
| [Expand Spot] (Прошири точка) | [Tracking: Expand Spot] (Следење: Прошири точка) |
AF со откривање на фаза
Кога има AF-точки за откривање фаза во фокусната површина за автоматско фокусирање, производот користи комбиниран автоматски фокус на AF за откривање фаза и AF со контраст.
Забелешка
-
Функцијата AF со откривање на фаза е достапна само кога е прикачен компатибилен објектив. Ако користете објектив што не поддржува AF со откривање на фаза, не можете да ги користете следните функции.
- [Automatic AF] (Автоматски AF)
- [AF Tracking Sensitivity] (Чувствителност за следење на AF)
- [AF Subj. Shift Sensitivity] (Чувствителност на AF при поместување на субјектот)
- [AF Transition Speed] (Брзина на транзиција на AF)
Исто така, дури и ако користите претходно купен и прикладен објектив, AF со откривање фаза може да не функционира освен ако не го ажурирате објективот.

